Нафтената компанија Шел влегува во Македонија, т.е ќе отвора бензиски пумпи (сигурно нема нафта да вадат) Како и да е, Шел се шири во регионот, сега по Хрватска влегува и во Македонија
  Објавено на
share

 

Нафтената компанија Шел влегува во Македонија, т.е ќе отвора бензиски пумпи (сигурно нема нафта да вадат) Како и да е, Шел се шири во регионот, сега по Хрватска влегува и во Македонија

 

По влезот во Хрватска и во Србија и најава за Македонија. Ова е дел од стратегијата на Корал, компанија која работи под закрила на Шел. Корал со моменталните 700 бензински станици е лидер во Грција. 

Успехот на компанијата во Грција, доведе до добивање лиценца за брендот Шел во Кипар, Србија, Хрватска и Македонија. Корал е лидер во големопродажбата, малопродажбата и во широката понуда производи за купувачи во индустријата, превозниците и трговијата.

Матичната компанија на Корал, Мотороил пак, ги има трите главни бренда во нафтената индустрија во оваа земја: Shell, Avin и Cyclon. Со тоа зад себе има 1.400 бензински станици.

Големи шпекулации околу влегувањето на Шел се слушаа изминатите години, посебно поврзани со Македонија. Веста за купување на компанија во Хрватска ја покажа сериозноста на Корал за влез во регионот. Минатиот месец Корал купи 75% од акциите од хрватската компанијата АПИОС и стана сопственик на 26 бензински станици во Хрватска. Со ова само се покажа дека регионот е од интерес за овој светски бренд, кој за сега е видлив само во Србија со пет бензински станици.

По Хрватска, големи се очекувањата и за Македонија каде веќе е отворена компанија Корал фјуелс ДООЕЛ со менаџери од Грција кои ќе бидат одговорни за оперативните зафати. Како што дознаваме веќе имаат сопствена бензинска станица на излез од земјава кон Грција, а планот е допрва да ја шират својата мрежа.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани