ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПРЕДЛОЖИ АКЦИСКИ ПЛАН -РЕШЕНИЈА, ЗА СПОРОТ МЕЃУ СКОПЈЕ И СОФИЈА: СЕКАДЕ ДА СТОИ ДЕКА ГОЦЕ, ДАМЕ И ДРУГИ БИЛЕ УЧИТЕЛИ НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА
  Објавено на
share

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПРЕДЛОЖИ АКЦИСКИ ПЛАН -РЕШЕНИЈА, ЗА СПОРОТ МЕЃУ СКОПЈЕ И СОФИЈА: СЕКАДЕ ДА СТОИ ДЕКА ГОЦЕ, ДАМЕ И ДРУГИ БИЛЕ УЧИТЕЛИ НА БУГАРСКАТА ЕГЗАРХИЈА

 

Откако во позадина на случувањата во Република Македонија и надвор од очите на јавноста се водат преговори меѓу Македонија и Бугарија за акциски план за кој власта тврди дека се однесува исклучиво на подобрување на односите меѓу двете земји додека Пендаровски вели дека официјална Софија бара и историските разлики по терк на Бугарија да бидат дел од истиот документ, поранешниот премиер и јавно декларираниот поборник за бугарските интереси Љубчо Георгиевски на својот фејсбук профил нуди решенија во пет точки со кои би се решил и

- Гледам дека македонско-бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак, а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна омраза на двата народа, загрижен е Љубчо Георгиевски. Затоа, предлагам политичко-дипломатско решение, патна карта или акциски план за излез.

1. Cеверна Македонија да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија. И во поимот Cеверна Македонија не влегува Источна Македонија. Погледнато од Скопје Пиринска Македонија секогаш била Источна.

2. Cеверна Македонија да даде гаранција (најверојатно тоа ке биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија) дека како држава со ништо нема да ги помага и поддржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија.

3. Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944, и дека Бугарија со ништо не ги прифаќа тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина. (Оваа теза во Бугарија можеби ке биде прифатена како политичка игра тоа не е така,само ја нудам српската стратегија како тие ги решаваат нивните проблеми.Имено Србија го има истиот проблем со хрватскиот јазик,со босансакта и царногорската нација и јазик па дури и со македонскат нација и јазик.Но Србија политички ги има признаено сите четири нации и јазика дури и на својата територија.И хрватскиот и црногорскиот и босанскиот и македонскиот се службени јазици во повеке српски општини.Ама српската наука историографија,лингвистика не го признава тој факт и секојдневно се бори со аргументи.Истата приказна е и со Македонија. Политиката максимално ја дава подршката за македонска нација и јазик ама секоја година се печатат книги за Македонија како стара Србија, Како ја ослободиле Македонија во балканските војни.Книги за српски манастири и цркви од време на Средновековието,а изгледа ги има доста.Да не спонувам пак дека за Српската црква ние сме тотално срби а И изгледа дека БПЦ ги поткрепува во таа намера.)

4.Зедничката историска комисија да ја измени малку стратегијата:

-Да се објават сите пет веке потврдени личности плус Делчев како општ,заеднички без многу детали.И плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.

-Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи тектови и објаснение и да почната да слават заедно.Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.

-Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.

-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонци со бугарска национална свест.Според бугрски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани.Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност.Но и 1200 да се демократија треба да објави на виделина.

-Македонската страна да се задолжи во сите историски книги независно од државен или приватен издавач точна да га дава преводот посебно каде писателите пишувале македоци или бугари.Секој фалсификат да биде финансиски санкционран.

-Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите,на пример Народна Федеративна Партија???

– Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важни личности.На пример фактот дека Гоце,Даме,Горче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.

-И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот.Македонската страна да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со Бугарскиот но врз база на македонските дијалекти но бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на северозападните дијалекти со штоа го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам а на Српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик. .Дека официлно писмо и јазика на На сите македонски организации во османлискиот период бил Бугарскиот јазик и писмо.Што се лесно проверливи факти.А бугарската страна да прифати дека тоа е добар приод да се затвори јазичното прашање.

5.Инфраструктурните прашања.Македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат. Бугарската страна да ги изградат патиштата за граничните премини Клепало кој дваесет години има и пат и гранична зграда.И преминот Црна Скала мегу Делчево и Кустендил каде патот беше изграден но веке и руиниран. Македонскатта страна како поклон на Бугарија да и изгради втора лента на Преминот Делчево – Благоевград каде на секој празник лугето чекаат со саати, пишува Георгиевски.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани