Ансамблот со мачки во московскиот театар изведува интересни перформанси на велосипед, на жици и со други акробатски реквизити, а најголеми ѕвезди на мачкешкото актерство уживаат во луксузно сместување и имаат посебен третман.
“Мачката не прави ништо под присилба, но може со нив да се постигне договор со оглед на нивните природни способности и потреби. Доколку тука има љубов и заемна почит, успехот доаѓа сам од себе. Невозможно е зад кулисите да ја казниш мачката, а потоа да очекуваш од неа на сцената да настапи и изведе перформанс. Со мачките тоа не оди така, изјави Дмитриј Куклачев, заменик директор на театарот.
Театарот со мачки ја основа Јуриј Куклачев во далечната 1990 и со цел да својата кариера на циркуски кловн ја направи уште поединствена и поинтересна. Во целиот проект му помага синот Димитриј кој исто така има исклучително уметнички таленти.
Димитриј изјави дека во театарот има преку 200 мачки кои глумат во 12 представи, а дека тука чуваат и 30 мачки кои се во пензија
Foto: Profimedia
“На публиката и нудиме 12 представи. Ова гордост го истакнувам тоа бидеејќи во споредба со драмските театри нам ни треба далеку повеќе време, околу 5 години, за да подготвиме нова предства“, изјави Димитриј.
Тој додаде дека на представите им претходи и голем ангажман и процес за бирање, а потоа и тренинг на мачките за да бидат спремни за излегување на сцената.
Foto: Profimedia
“Мачките мора да се здрави, да имаат различни таленти, да бидат ведри и весели. Како го забележуваме тоа кај мачките? Па, едноставно мора да биде љубопитна и да ги истражува сите детали во просторот. Ако го прави така, тоа е прв знак дека дека има уметнички талент. откако ќе утврдиме постоење на талентот, следуваат прегледи за психофизичко здравје на мачката“, ни појасни.
Меѓу најпознатите актери на Московскиот мачешки театар е мачорот Борис кој глуми и во реклами за храна за мачки.
https://www.youtube.com/watch?v=wL1Nqu4AXzc
преземено од National Geographic