СЛАВИ ТРИФОНОВ ГО БРАНИ ДОЈРАН
  Објавено на
share

 

СЛАВИ ТРИФОНОВ ГО БРАНИ ДОЈРАН

Новата ѕвезда на бугарската политичка сцена, го имаме регистрирано уште на он.нет, кога се пробуваше како певец. Му објавивме видео спот за кој го пишавме ова:

 

Видео спот на најпопуларниот треш водител во Бугарија Слави Трифонов кој решил да ја отпее македонската народна песна "Јовано, Јованке". Спотот е ултра - патетичен и изгледа како да го правел некој кој бил принуден истовремено на два монитора да ги гледа "Saving Private Ryan" и "Blackadder".

Сценариото на спотот не враќа во 1917, годините на Првата светска војна....330.000 Англичани, Французи и Срби "атакуваат блгарските позиции на фронта краи Доиран." И, како што e нормално за еден виц - "Блгарите побеждават" :)

Сето време, ќелавата пејачка позната како Слави, со бугарски шлем на бугарска глава, седи во ров,  околу него пичат гранати а тој цвили "Иовано, Иованке". 

Додуша, спотот е троа тежок (9,8 MB), ама ние сме народ кој никогаш не штедел на Бугари/ Бугарки :)

Едит од 2021 (за последната реченица): Тогаш интернетот беше на грамажа и за да натераш луѓе да симнат нешто потешко од 4 мега, требаше да се потрудиш да ги убедиш дека вреди да кликнат. 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани