храм Свети Димитрија 8 април 2012 - денот кога се случи самоисчистување на фреските
  Објавено на
share

 

Сеќавање на денот кога во нашиот храм се случи несекојдневен настан... Имено, веднаш по празничната Литургија (на 8. април 2012 година се празнуваше празникот Цветници) дојде до чудесно осветлување на фреските во храмот. Сето она што со години и децении било прекриено со гареж од свеќи, повторно стана видливо во нов сјај. Се што некогаш било насликано со златна боја, а во тек на времето потемнело и едвај видливо, на овој ден, стана живо и сјајно.
Овој настан траеше две седмици (од 08. до 22. април, од Цветници до Томина недела) и потоа прекина, а фреските сеуште се во истата состојба – осветлени и блескави.
Искушенијата низ кои заеднички поминуваме денес, ни даваат уште поголем мотив за спомнување на овие чудесни настани во кои сме живи сведоци. Бевме удостоени со чудо, а ќе бидеме удостоени и со подобра и поубава иднина, по молитвите на Свети Димитриј, нашиот молитвеник и застапник пред престолот Божји. 💒📖🙏
 
May be art of 2 peopleNo photo description available.May be an image of 8 peopleNo photo description available.
May be an image of 2 people
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани