Приведен е Драги Рашковски
  Објавено на
share

 

Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев

Полицијата денеска изутрина го привела доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, дознава „360 степени“. Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје.

„360 степени“ веќе објави дека со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца обвинителството предлага други мерки на обезбедување.

 

 

Рашковски во средата објави дека се повлекува од функцијата во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а оставката ја напишал два дена порано што се совпаѓа со денот кога „360 степени“ објави дека тој вози џип што не фигурира во неговиот анкетен лист доставен до ДКСК.

„360 степени“ го отвори случајот за набавката на софтверот на 9 март, а наредбата за истрага доаѓа само еден месец и една недела подоцна.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани