Продолжен притворот на Камчев, притвор и за Груевски кога ќе биде пронајден
  Објавено на
share

 

Продолжен притворот на Камчев, притвор и за Груевски кога ќе биде пронајден

 
 

Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за одредување мерка притвор, односно продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацови на Водно”.

Оваа одлука на Кривичен суд Скопје, следеше откако денеска ОЈО ГОКК, поднесе обвинение за наведениот случај. Освен за осомничениот Камчев, судот му определи мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода и на првоосомничениот Никола Груевски. Мерки на претпазливост им се определени и на осомничените Н.Ј. и Р.К.К.

Обвинителениот акт од ОЈО е против шест лица: експремиерот Никола Груевски, бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, кумот на Груевски – Ристо Новачевски, бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според наводите од обвинителството, во периодот од 2006 до 2012 година со пари од членарина и партиски донации на ВМРО-ДПМНЕ биле купувани атрактивни парцели на Водно, односно земјиште од 11.000 квадратни метри.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани