Зошто децата во советските градинки спиеле на студ?
  Објавено на
share

 

Зошто децата во советските градинки спиеле на студ?

Децата во советските градинки спиеле на отворено, дури и во зима, кога температурите биле многу под нулата. Тоа била вообичаена практика, а денес ваква глетка сè уште може да се види во скандинавските земји, како Норвешка.

Новинарите на порталот „Russia Beyond“ проучувале документ под наслов „Санитарни правила и прописи за градинки“ од 1985 година, кој бил одобрен од медицинските власти на СССР.

Советските детски институции разбрале дека децата треба редовно да останат на свеж воздух. Прописите налагале просториите на градинката да се проветруваат најмалку два пати на ден и децата редовно да си играат и шетаат надвор. Вработените во градинката требало да се погрижат децата да бидат топло облечени, но не претерано. Зимските капути биле задолжителни само доколку температурата падне под 4 степени Целзиусови. Меѓутоа, во овие санитарни правила и прописи нема информации за спиење на отворено.

Работен логор или здрава навика?

Но затоа постојат фотографии на кои се гледа дека децата во советските градинки спиеле на отворено, дури и во зима, кога температурите биле многу под нулата. Тоа била вообичаена практика, а денес ваква глетка сè уште може да се види во скандинавските земји, како Норвешка.

Има и голем број интересни коментари на оваа тема од луѓе кои се доволно стари да се сеќаваат на ова и на својата младост во СССР.

Една од најважните задачи на првата советска влада била да ги спречи масовните епидемии, вклучително и туберкулозата. До почетокот на 1930-тите, над 25.000 лекари работеле во клиниките за туберкулоза; до 1957 година, повеќе од 130 милиони советски луѓе биле вакцинирани против туберкулоза. Но, суштината на борбата против епидемиите била секојдневната хигиена, пропагирана во градинките низ СССР.

Свежиот воздух бил неопходен за добро здравје. Здравјето на првите цареви од династијата Романови било лошо бидејќи поголемиот дел од животот го поминувале во своите одаи, ретко дишејќи чист воздух, особено кога биле деца.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани