Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар!
Знаевме, но ако некој се сомневаше - сега има и потврда за тоа.
(Прилеп, 16.11.2021) - Стоби флипс во категорија флипсови и Брилијант во
категорија сончогледово масло се најпознатите брендови меѓу македонските
потрошувачи во годинешното истражување „Најпознати брендови според
потрошувачите 2021-ва”.
Според истражувањето Стоби флипс на Витаминка, го има највисокото учество кај
потрошувачите во споредба со сите останати брендови во оваа категорија и
предводи со 80% препознатливост, а во категоријата сончогледово масло
доминантното учество наспроти другите брендови е на Брилијант со 53%
препознатливост.
Со одговарање на прашањето кој според нив е најпознатиот бренд во одредена
категоријата, потрошувачите можеа да одговорат за сите брендови присутни во
малопродажбата и маркетите.
Истражувањето на македонскиот пазар како независно е спроведено од
специјализираната агенција за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, на
репрезентативен примерок од 1250 активни потрошувачи на територијата на
целата држава и со фокус на 18 категории производи за широка потрошувачка.
Освен за препознатливоста на брендовите, Инсајдер ИД веќе пет години по ред
спроведува истражување и за преферираните ланци на маркети.