Орбан: „Не ги сакаме диктатите на Брисел!“
  Објавено на
share

 

Орбан: „Не ги сакаме диктатите на Брисел!“

 
В Венгрии оппозиция выступит против премьер-министра Виктора Орбана

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека Унгарија нема да ја напушти Европската унија, но дека ќе се спротивстави на обидите на Брисел да го наруши нејзиниот суверенитет.

После комунистичката бирократија не сакаме нови диктати, овој пат од Брисел“, рече Орбан на конгресот на Фидес, на кој денеска повторно е избран за лидер на владеачката партија.

Орбан порача дека Унгарија сака да го задржи својот суверенитет, дека не сака да се најде во соединетите европски држави, наместо во интеграција, и дека ќе го отфрли западниот либерализам.

Нема да отстапиме од правото да ги браниме нашите граници, да ги запреме мигрантите… Инсистираме на тоа дека бракот во Унгарија е меѓу маж и жена, таткото е маж, а мајката е жена и тие треба да ги остават нашите деца на мир“, додаде Орбан.

Лидерот на Фидес истакна дека Европската унија мора да се реформира и дека целта на Унгарија е да се случат промените, а не да го напушти блокот на кој му се придружи во 2004 година.

Воопшто не сакаме да излеземе од Унијата, не можат да се ослободат од нас толку лесно“, рече Орбан.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани