ВУЧИЌ СО ЕДЕН ПОТЕГ ЈА РЕШИ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО СРБИЈА Србија од Путин доби гас по неверојатно ниска цена!
  Објавено на
share

 

ВУЧИЌ СО ЕДЕН ПОТЕГ ЈА РЕШИ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ВО СРБИЈА Србија од Путин доби гас по неверојатно ниска цена!

Цената од 270 долари за 1000 кубни метри гас ќе биде најниска во Европа оваа зима. Србија ќе заштеди 300 милиони евра и ќе ја преброди енергетската криза. Вучиќ 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил цената на гасот за Србија во наредните шест месеци да не се менува и да остане 270 долари за 1000 кубни метри.

Вучиќ по средбата со Путин за ТВ Пинк изјави дека станува збор за „неверојатна цена“ и додаде дека Србија има добиено и зголемување на количините на гас во тие шест месеци.

Српскиот министер за финансии Синиша Мали на Твитер обзнани дека тоа сигурно ќе биде најниската цена на гас во Европа оваа зима.

Вучиќ изјави дека со Путин разговарал и за долгорочниот договор за набавка на гас, но дека нема право да зборува за елементите додека не се потпише тој документ.

Тој кажа дека „благодарение на пријателството на Путин“, Србија заштедила повеќе од 300 милиони евра, кои би ги изгубила за 6 месеци по берзанската цена на гасот и додаде дека добила и сигурност во снабдувањето.

– Имавме резерви на гас за 15 дена, вака го решивме проблемот. Ова е спас за нас. Нема да имаме проблеми со струја или гас, парно или со целокупното снабдување – рече Вучиќ.

Тој изјави дека Путин ја прифатил неговата покана и потврдил дека ќе дојде во Србија во периодот од мај до септември следната година.

За возврат на огромната помош од Русија, Србија ќе купи руско оружје во време кога Москва се соочува со санкции од САД и од ЕУ.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани