Статус на Илија Димовски History for dummies: Југославија не ја создаде Македонија...
  Објавено на
share
History for dummies:
Југославија не ја создаде Македонија...
Таа постоеше и пред неа, а веќе постои и долго после неа...
(по повод 29.11.)
 
Македонија даде вкупно над 44.000 жртви во Втората светска војна.
24.000 од Република Македонија и над 20.000 од егејска Македонија и пиринска Македонија.
Туѓа војска не гинеше за слобода на Македонија.
Наша војска гинеше за ослободување на Србија и Хрватска.
Наши животи беа положени за Југославија, а не југословенски за Македонија.
 
Движењето имаше национал-ослободителен карактер, а АСНОМ беше собрание на целокупниот македонски народ и други народности, од
 
Македонија (имаше делегати од сите делови на Македонија), но за жал, делумно и поради југословенски, а целосно заради подоцнежни идеолошки причини, не се постигна целосно ослободување на македонскиот народ и Македонија.
 
Четите носеа имиња на погинатите војводи.
Живите војводи и комити беа дела од четите.
Имавме свој, наш македонски Генералштаб на Народно Ослободителната Војска и Партизанските Одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ).
 
Македонското движење не беше идеолошко (комунистичко, левичарско, коминтерновско), беше народно.
 
На 29 Ноември ние Македонците не учествуваме.
 
Нереализирањето на македонскиот сон за целосно ослободување на Македонија, подоцна, после превратот во 1945/46 од страна на КПЈ, со живот и слобода го платија илјадници Македонци по затворите во Идризово, Отешево,... меѓу кои и првиот Претседател и скоро целиот состав на Президиумот на АСНОМ.
 
Видете ги документите на АСНОМ (Манифестот, Прогласот, декларациите и решенијата), видете го списокот на делегати, видете го составот на Президиумот на АСНОМ (практично првата Влада на Македонија), видете ги знамињата позади говорницата (и руско, но и британско и америчко).
 
Затоа, доволно време помина за да научиме:
 
САМИ СИ ЈА СОЗДАДОВМЕ ДРЖАВАТА !
НИКОЈ НЕ НИ ЈА ПОКЛОНИ !



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани