Замрзнати цените на основните прехранбени производи
  Објавено на
share

 Замрзнати цените на основните прехранбени производи


Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производи, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.
 Микропретријатија од услужна дејност бараат помош за надминување на кризата  која наговестува целосен колапс – Kurir.mk
 
На предлог на Министерството за екомија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало. Одлуката се однесува на повеќе производи:
 
– леб;
– шеќер;
– брашно – тип 400;
– сончогледово масло за јадење;
– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
– свежо месо и сувомеснати производи;
– сирење и урда
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.
 
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани