Русија во паника: Обвинителите од Хаг на состанок за воените злосторства во Украина
  Објавено на
share

 

Русија во паника: Обвинителите од Хаг на состанок за воените злосторства во Украина

Истражниот тим и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, имаа координативен состанок во Европравда, агенцијата на ЕУ за судска соработка, пишува АП.

Руската инвазија на Украина е прогласена за нелегален акт на агресија, а руските сили се обвинети за убивање цивили во Буча и за напади врз болници и театри во Мариупол, каде цивилите се криеле од бомбардирањето. Истрагата на АП покажала дека на 16 март околу 600 луѓе биле убиени во гранатирањето внатре и надвор од зградата на театарот.

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, документарната серија на АП и ПБС Фронтлајн објави дека во Украина се регистрирани 273 потенцијални воени злосторства. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека убивањето цивили е геноцид и воено злосторство, додека американскиот претседател Џо Бајден рече дека Владимир Путин е воен злосторник. Бајден смета дека на рускиот претседател треба да му се суди за воени злосторства.

Истражниот тим е формиран кон крајот на март и го сочинуваат истражители од Украина, Литванија и Полска. Обвинителот Кан ја посети Украина, вклучително и Буча, и има свој тим во Украина кој собира докази. На средбата присуствуваше и главниот државен обвинител на Украина Ирина Венедиктова. Нејзината канцеларија веќе отворила повеќе од 8.000 криминални истраги поврзани со војната и идентификувале 500 осомничени. Меѓу осомничените има руски министри, воени команданти и пропагандисти. Минатата недела руски војник беше осуден на доживотен затвор за убиство на цивили, што е прва казна за воени злосторства во Украина.

Русија негира дека нејзините војници се одговорни за злосторствата. Министерството за одбрана претходно овој месец соопшти дека ниту еден цивил не се соочил со насилни дејствија од страна на руската војска. Аналитичарите предупредуваат дека судскиот процес ќе биде сложен и долг бидејќи истражителите комбинираат форензички и други докази и се обидуваат да утврдат кој наредил или знаел за злосторствата. Тие истражуваат и кој дозволил да се случат злосторствата.

Хаг не е единственото место каде се бара одговорност од Русија. Обвинителите во Германија, Полска, Латвија, Литванија, Естонија, Словачка, Франција, Норвешка, Шведска и Швајцарија започнаа свои истраги.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани