Жан Мишел Жар Скопје Македонија 13 ноември 2016 - НОЌ ЗА ПАМЕТЕЊЕ
Објавено на

Мина цел мој живот пред да се здобијам со совршено преклопување на просторот и времето за да застанам пред подиумот на јунакот на мојата младост.

Знаете, кога се појави и кога после 3-4 албуми престана да биде само светска сензација, веќе не го ни перцепирав дали е добар или лош, дали вреди или не, едноставно, заедно со моите јунаци од тоа време, Крафтверк, Парпл, Цепелин, Флојди, беше дел од мене, дел од моето опкружување, како семејство, најдобар пријател, прв автомобил  ... едноставно Е,  дел од мојот живот.

Но со години наслојуваме дебела кожа која намалува ниво на чуствителност, се потешко примаме нови пријатели, не сме толку отворени за нови музики, револуции, уметнички правци, интереси, колку и да се трудиме, она што ни го остави првиот белег, остана траен.
 

Затоа дојдов на неговиот концерт како на прослава кај стар пријател кој не сум го видел со децении ... и останав зашеметен.

turntable mat ( подлога за грамофон, антистаик и дампер) со своерачен потпис од Жар лично

Жар има 68 и кога мислиш дека се кажал во животот како творец, во смисла на себеоткривање, го видов со повеќе елан, енергија, живот и креација одошто многумина кои ги познавам. искрен топол, непосреден. Мислиш уметник од ваков калибар ќе биде студен и дистанциран , како Крафтверк на времето, оти и доликува со камерна електроника, но ништо од тоа, се однсеуваше топло, понесен од публиката иако постполно профи но и човечки. Ма ја спомна нашава Македонија по име и тоа го повтори повеќе пати што предизвика еуфорија во публиката. Немаше баш никакви комплекси да не огласи со нашето име, нешто што и денес е реткост, како Гилан кој чиниш дошол на Тера Инкогнита која допрва чека крштевка.

Енергијата на овие позни креативни и човечки години го натера да направи одскок, направи суперамбициозен прект наречен Електроника, составен од два дела, изададен во период од две години каде ги собра скоро сите фаци во светската музика кои оставиле своевидна трага. Тежината на имињата кои учествуваат на неговиот проект како соработници, со секој од нив заеднички направија песна, создава чуство дека земјата под вас тектонски се пореметува. Симнете ги капите и да се поклониме на елитата на музиката на светот

ELECTONICA 1 - TIME MACHINE

1.

  "The Time Machine" (with Boys Noize) Jarre, Alexander Ridha 3:54
2. "Glory" (with M83) Jarre, Anthony Gonzalez 4:12
3. "Close Your Eyes" (with Air) Jarre, Nicholas Godin, Jean-Benoit Dunckel 6:15
4. "Automatic (Part 1)" (with Vince Clarke) Jarre, Vince Clarke 3:06
5. "Automatic (Part 2)" (with Vince Clarke) Jarre, Vince Clarke 3:03
6. "If..!" (with Little Boots) Jarre, Victoria Hesketh 3:13
7. "Immortals" (with Fuck Buttons) Jarre, Benjamin Power, Andrew Hung 4:24
8. "Suns Have Gone" (with Moby) Jarre, Richard Melville Hall 5:55
9. "Conquistador" (with Gesaffelstein) Jarre, Mike Lévy 3:09
10. "Travelator (Part 2)" (with Pete Townshend) Jarre, Pete Townshend 3:10
11. "Zero Gravity" (with Tangerine Dream) Jarre, Edgar Froese 7:12
12. "Rely on Me" (with Laurie Anderson) Jarre, Laurie Anderson 2:54
13. "Stardust" (with Armin van Buuren) Jarre, Armin Van Buuren 4:37
14. "Watching You" (with 3D of Massive Attack) Jarre, Robert Del Naja, Euan Dickinson 4:09
15. "A Question of Blood" (with John Carpenter) Jarre, John Carpenter 2:58
16. "The Train & The River" (with Lang Lang) Jarre 7:13
Total length:
68:20

 ELECTRONICA 2 - THE HEART OF NOISE

1.

  "The Heart of Noise, Pt. 1" (with Rone) Jarre, Erwan Castex 4:26
2. "The Heart of Noise, Pt. 2"   Jarre 4:10
3. "Brick England" (with Pet Shop Boys) Jarre, Neil Tennant, Chris Lowe 4:01
4. "These Creatures" (with Julia Holter) Jarre, Julia Holter 3:40
5. "As One" (with Primal Scream) Jarre, Andrew Innes, Bobby Gillespie, Robert Young 3:58
6. "Here For You" (with Gary Numan) Jarre, Gary Numan 3:59
7. "Electrees" (with Hans Zimmer) Jarre, Hans Zimmer 4:10
8. "Exit" (with Edward Snowden) Jarre 6:19
9. "What You Want" (with Peaches) Jarre, Merrill Nisker 3:27
10. "Gisele" (with Sebastien Tellier) Jarre, Sebastien Tellier 3:43
11. "Switch on Leon" (with The Orb) Jarre, Alex Paterson, Thomas Fehlmann 4:43
12. "Circus" (with Siriusmo) Jarre, Moritz Friedrich 3:09
13. "Why This, Why That and Why" (with Yello) Jarre, Dieter Meier, Boris Blank 3:58
14. "The Architect" (with Jeff Mills) Jarre, Jeff Mills 4:43
15. "Swipe to the Right" (with Cyndi Lauper) Jarre, Cyndi Lauper, Carmen Cacciatore 4:54
16. "Walking the Mile" (with Christophe) Jarre, Daniel Bevilacqua 4:52
17. "Falling Down"   Jarre 3:23
18. "The Heart of Noise (The Origin)"   Jarre 2:39
Total length:
74:14

Знаев дека вокалните делници на темите од новиот албум нема да може ги проследи и ќе ги покрива со стари хитови, бидеејќи мислам дека ни Жар нема да успее да направи концерт-спкетакл со сите нив на сцена, (некои и се во тешка здраствена состојба), но нејсе, овој човек правел чуда кога се во прашање спектакли, како во Хјустон и Париз со по милон посетители. Но успеа да ги протне Пет Шоп Бојс на сцена со интересна видео анимација и како тоа беше изведено, длабок респект.

Визуелно концертот беше нешто невидено, барем за овие простори, неверојатно осмислено и технички напредно и прогресивно. Повеќе наликуваше на видео арт инсталација одошто осветлување за поп концерт. Ќе го видите видеото од концертот и пак нема да сватите колку сте се заебале што не бевте таму, бидеејќи тоа е како да ви раскажувам 3Д да гледате на 2Д. Буквално. Систем од порзрачни мрежи и завеси во неколку слоја, подвижни по сцената на која се проектираа ласери, скенери, фокусирани лед проекции кои целата сцена ја направија во гигантски 3Д екран, невероајтна визулеизција за секоја песна, арт игра со светлина и проекција каква ретко се гледа. Сеуште не можам да откријам кој е уметникот кој стои зад ова, иако знам дека и самиот Жар огромен дел од времето посветува на визуелизација. Би сакал малку познавачи на современата уметност во прогресивни форми да се изјаснат за ова затоа што надминува, далеку надминува вообичаено сценско осветлување и ефекти, зад ова стои сериозна уметност и дизајнерски проистап. гледајте го видеото кое го приложив, но верувајте, навистина треба 3д камера да се долови. Затоа искрено се надевам дека ќе изаде најмалку 3Д Блуреј или двд од турнејава. Заслужува ова.

сувенир, маичка со испишани местата од трунејата, секако .. Mакедонија е тука

А он нема да не заборави долго време, никако нема да може да ја избие онаа позитивна, музички писмена, искрена, преполна со позитивна енергија публика. Неверојатна беше слоевитоста на генрации и уште пубаво, непристноста на гратисџии.

За организацијата не можам да кажам ниден збор затоа што беше невидлива, се беше најнормално, како да си во парк, никој никому не смета, редарите невидливи, а сепак коректно си ја извршуваа задачата. Браво за организацијата, браво за публиката, ова беше ноќ за паметење. Долго ќе се говори за овој настан колку и да звучам патетично.

Жан долго се испраќаше со нас, делеше бакнежи, поздрави, се поклонуваше се враќаше на бис но не го пуштавме. Викаше нема више, готово , фајронт, одете си дома, фала многу, благодарам, (а колку преброив користеше неколку фрази кон нас - Вива Македија, Благодарам, Здраво ...). Не дигна и не тресна од змеја и како автор и као диџеј и како музичар и како фронтмен, ендоставно ни ја погоди жичката, а ние рипавме, скокавме и игравме како мали деца на роденденска забава преполни со јаглени хидрати кои родителите на сила ги тераат да си одат, а ние кенкаме, не ни се оди, ни се погоди играњето, сакаме уште, добро е, одлично, уште еднаш уште еднаш...

Читајте ги стручните критики од некои светски музички магазини ако сакате да се информирате детално,  нашите медиуми се труби за музика и концерти бидеејќи ретко кој денес слуша, купува, следи, познава музика, дише музика. А за ваков настан не се оди професионално со студена глава и смирено срце. Неговите концерти вообичаено се преспекатуларни и преамбициозни,  но оваа форма му дозволи да биде фулл конткат со публиката и тоа е можеби најдобрата одлука во неговата кариера. А јас, јас ќе ги стискам неколкуте тескитлни спомени и предмети кои ги купив, во годините кои одат, ако почне сеќавањето да ме издава, да имам некакво сидро да се задржам дека сум живеел живот каков што сум сакал, дека сум бил со луѓе кои сум ги сакал и со нив сум делел она што било дел од моето растење, живеење. Жан Мишел во сите периоди на мојот живот е пристуен, едноставно нема празен прсотор, Радост, тага, слава ... затоа е како близок пријател. Ја споделив таа вечер со оние кои најмногу ми значат, играв, пеев, танцував, гушкав, љубев, живеев со полни гради ... за ова вреди да живееш!


Драго ми е што го запознав, имењакот Жан ;) (Жан јан Јане Јанко ) и се надевам дека пак ќе дојде, после вакво честење со енергија каква ја доби од нас, не верувам дека ќе се двоуми. Впрочем, на 2 декември излегува неговиот најнов албум Оксижен 3. А тоа ќе бара уште една промо турнеја, зарем не.

 

Еден посебен лик од Битола по име Зоран, му ветив дека ќе објавам фотката

шлеперите со опрема со британски таблички делуваа импресивно пред влезот и само го потврдуваа чувството дека ќе има хај фај и 3Д

 

 визуелизација на набљудувачите од еквинокс

возбудени со Лиде на крајот на концертот го враќавме на бис, каква вечер, кава вечер

ENTERPRISE EMBROIDERED ZIP UP JACKET за спомен и коски измрзнати

сајбер футуризам

 Пред концертот. Прекрасна публика, ниту еден инцидент или екцес, но преполни со огромна позитивна енергија сите до еден се забавуваа. На сцената Диџеј кој не го исперцепиравме иако беше извонреден, ама сите го чекавме жарот на вечерта.

видео арт со камери кои снимаа во живо




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани