Почина Тоби Смит од Џамирикваи
Објавено на

 

Поголемиот дел од јавноста мислат дека Џамирикваи е името на пеачот, а во суштина се работи за бенд, страшен , голем, бенд, музички поткован како ретко кој во историјата на музиката.

За жал, овој пат и со трагична вест, еден од основачите на бендот Џамирикваи, клавијатуристот и композиторот Тоби Смит по едногодишна борба со ракот, почина. Но треба да се знае дека Тоби Смит кој беше еден од основачите на Џамирикваи во 1992.

За жал, класичното непознавање на работите, недостатокот од музички потковани новинари се умножи, кај нас, веста дека умрел член на Џамирикваи со објавена слика на пеачот на бендот. Инаку, пеачот се вика Џеј Кеј, жив е и здрав и е голем мераклија на ферарија, ги собира, де, буквално, има огромна колекција. Ете, раат да сте ако сте евентуално познавач на музиката и љубител на овој извонреден состав.

Кога веќе фокусот ви е за Џамирикваи, треба да знаете дека имаат нов албум под наслов Аутоматон, фантастичен, моедерен и феноменално испордуциран албум кој се слуша од почеток до крај (нешто што новите генерации како однос кон музиката не го познаваат)

Ако веќе сте тука за Џамирикваи, еве ви го лајн - апот во студио, оној кој креира и кој компонира снима и објавува лабуми од 1992 па наваму

 

Албумот е извонреден и вреди да се слуша, НЕ слушне, туку слуша, редовно. Ќе биде прилично актуелен ова лето, а допрва очекувам страшни ремикси, просто е податен за обработка за клубски сцени.

Оваа година барем музички е на арно, и Депеш Мод, и Џамирикваи со нови албуми, мераци.

 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани