Благојa Механџиски добитник на наградата регионален менаџер
Објавено на

Зегин со меѓународна награда: Благојa Механџиски добитник на наградата регионален менаџер

 

-Наградите се доделени по успешност, креативност, континуитаност во работењето, растот на работењето, кое Зегин го направи во последните години, а веќе Зегин во Србија има 70 отворени аптеки и Зегин како мултинационална компанија отвора и други преставништва и веќе секаде сме препознатливи и ова е прво признание, бидејќи Зегин е единствена компанија која започнала од нула, а јас сум основач и делата кажуваат сами по себе. 3.000 линчности беа предложени од сите тие земји и критериумите за да се дојде до таа награда е голема, истакна Механџиски.

Македонската веледрогерија „Зегин“ е лауерат на свеченоста која вечерва се одржува во белградскиот хотел „Краун плаза“, на која ќе се доделат престижните награди "Бизнис партнер 2017" за неколку компании од регионот, по една од секоја земја.

Оваа награда се доделува веќе девет години, со цел да се афирмираат компаниите и организациите од регионот, кои во својата работа се водат од висококвалитетни и светски стандарди, како и од цврсти етички норми.  

На листата лауерати, покрај македонски „Зегин“, се и хрватски „Кончар“, грчката нафтена компанија „Хеленик петролеум“, унгарски „МОЛ“, како и словенечките компании „Импол“ и „Есот инвест“.

Наградата има регионален карактер и е наменетa за сите компании од земјите во поширокиот регион - Словенија, Унгарија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Турција...

Токму затоа, признанието кое вечерва ќе му биде врачено на лидерот на компанијата "Зегин", Благој Механџиски, има големо значење.

Сопственикот на Зегин, Механџиски зборуваше и за идните планови на компанијата.

-Ние сега правиме интернет аптека, имаме некои акции, таа исто така ќе биде интернационална и влегување на пазарот во Романија. Исто влегуваме во Полска, тоа е пазар од скоро 70-80 милиони, добро е изанализиран, ги имаме потенцијалите, кадровските решенија, брендот ни е доста познат. Ние сме еден веќе еден добро познат бренд и сметам дека нема да застанеме на тоа, се додека имаме ваква подршка ваков добар тим од соработници, сметаме дека не треба да застанеме, бидејќи во бизнисот нема граници, нема граници на способните, на способните не им требаат граници, ниту монопол, ниту политички бариери. Способните луѓе прават мостови, а не рушат мостови, заврши Механџиски.

 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани