Премиера на филмот Спајдерман во Cineplexx на 6 јули И Спајдермен стана Одмаздник
Објавено на

Премиера на филмот Спајдерман во Cineplexx на 6 јули

И Спајдермен стана Одмаздник

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на филмот Спајдерман, премиерата на филмот е на 6 јули во киното Cineplexx

„Иако малку видовме од новиот Спајдермен во последниот Капетан Америка: ЦивилнатаВојна, ќе биде интересно да се види неговото воведување во групата Одмаздници за нас Марвеловите фанови, особено кога Спајдермен е 15 годишен тинејџер кој оди во средно училиште, а неговиот „ментор„ е Ајрон Мен.

Од првото соло појавување на овој Марвелов лик, очекуваме духовито, жустро освојување со се она со кое Питер Паркер и неговото алтер Его не забавуваат веќе половина век.

На овој проект работевме од јануари до мај оваа година, со тим од околу 70 артисти. Марвеловите филмови ни се особено драги проекти, бидејќи сме фанови како компанија, но сепак моментот кога ќе си го видиме името на одјавната шпица, како што е на пример последниот проект, Трансформери: Последниот Витез, кој имаше премиера минатата недела,е токму тој момент, непроценлив, радост за целиот тим, причина да се гордееме со тоа до каде сме стигнале„ изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик и основач на ФХ3Х.

„Спајдермен доаѓа дома„ е Американски филм за супер херој базиран врз карактер од Марвеловите стрипови, шеснаесетти филм во низата Марвелови суперхероји а втора екранизација на главниот лик. Режисер е Џон Уатс, а главните улоги ги толкуваат: Том Холанд, Мајкл Китон, Џон Февре, Доналд Гловер, Зендаја, Мариса Томеј и секако Роберт Дауни Џуниор.

Премиерата на „Спајдермен си доаѓа дома„ беше во Холивуд на 28ми јуни, додека филмот ќе почне со светска проекција на 7ми јули. Оценката на критичарите за филмот беше многу позитивна и филмот беше оценет за најдобар од Спајдермен 2 од 2004та со високи оценки за актерскиот перформанс на Холанд. Продолжението е закажано за 5 јули 2019. 
 

ИЗВОРИ:

http://www.ign.com/articles/2017/06/29/spider-man-homecoming-review

https://en.wikipedia.org/wiki/Spider-Man:_Homecoming

 

ФОТОГРАФИИ:

https://www.google.com/search?q=sPIDERMAN+HOMECOMING+cover+images+hd&tbm=isch&tbo=u&source=univ&sa=X&ved=0ahUKEwiF74u_vOvUAhUoYpoKHfmnCoMQsAQIIg&biw=1366&bih=662

ВИДЕА:

http://www.spidermanhomecoming.com/




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани