Гепард во полн трк - 100 км на час!
Објавено на


Гепард  (на англиски Чита - Cheetah) важат за најбрз предатор на светот.


Оваа прекрасна снимка направена додека лови антилопа од досега, за мене, невиден и спектакуларен агол, покажува какво совршено суштество е. Додека телото е како спој од две различни едники во совршена синхронизација забрзуваат со спектакуларна брзина која изнесува 100 км на час. Во миг, задните нозе како да го пректркуваат целото тело, немам зборови да го опишам одушевувањето како ми изгледа ова додека го гледам. Згора оваа снимка ја гледав предолго, навистина предолго, останав зинат да покрај страшната  брзина на животното и телото негово кое во забавена снимка делува како совршена машина која танцува класичен балет, опашот и главата како да се со вграден жироскоп. Совршено стабилни наспорти силните "трзаи" на телото кое просто граби како без напор. Не знам за вас но ова толку многу ме фасцинираше и ми го одзеде здивот, што морав да го обележам со лични и импресии. 


Она што го прочитав за нив, а ги нарекувааат Формула 1 во животнскиот свет, е дека инстантно забрзуваат и се способни поради огромната стабилност на главата и опшката да прават нагли свртувања во сосема нов правец без да изгубат рамнотежа, без повреда, без да го изгубат фокусот кон пленот. 


 Како и секоја мачка сакаат и да се галат ... ако ги припитомите од мали

Image result for pet cheetah




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани