Не има, туку започнат е планот на уништување на ВМРО ДПМНЕ
Објавено на

 

Премногу несериозно се перцепира она што Мицковски го кажува, а сериозно е, загрижувачки сериозно. 

 

Добри се, и тоа како добри, шансите да се разбие ДПМНЕ бидеејќи лешинарите најголеми прво се бившите сојузници и членови и најмногу новинари, аналитичари, медиуми) со кои работеа а кои веруваат дека ако ова се случи дека ќе имаат повторно привилегирани позиции (читај кеширање) и партиски функции на оние кои урлаат со патриотски повици за одбрана на Македонија. Они се и ќе бидат токмакот, каменот, со кој ќе се руши, нема тоа да го прави власта, власта ќе крка пуканки.
 
Се сега што се случува е дека никој не мрда со половиот орган за Македонија, фарса и глума, сега само се делува да се разбие дпмне како некогаш другите партии на кои верувам дека се сеќавате.
 
Крв намирисаа и здивеа, а тоа се чита од нивниот вокабулар по статусите. Ова е крвавава канибалска игра и ако од ова се извлече дпмне ќе излезат многу јаки, но меѓународната едноставно мие раце и остава на хиените.
 
Ако вмровците сакаат да зачуваат прво да престанат да бараат предавници и непријатели (зборам за твитер и фејбук говнарите ) и да создаваат сојузници. Во меѓувреме нивните самоповикани гласоговорници по мрежите детектираат подобни фирми за бојкотирање, пеачи за избегавање,, новинари кои не викале довболно и слично ... каменот секогаш од блиску доаѓа.
 
Овде треба многу внимателна и лукава игра
 
Само еден добар сојузник може повеќе да помогне од било кој.
 
А што па мене ме заболе за ВМРО ДПМНЕ? Што имаме ние вие кои не сме во партија. Е па има, затоа што после слободниот простор ќе го пополнат дронови кои се подложни на вулгарно ниска манипулација со исклучителна камењарска цена со попуст. А веќе кај такви лајкувате и се крстите. Такви ќе треба да се борат против забегување на власта, да бидат коректор на власта. Да бидај авангарда на некакво чувство за слобода и демократија. 
 
Можеби некој мисли дека од тоа ќе се изроди нова вредност - јас не, јас гледам само како се раѓаат нови боргови коеумпиеани и диригирани кои како дронови урлаат патриотски пароли. 
 
Демкратијата во една земја зависи не од власта - туку од опозицијата, одсекогаш сум го говорел ова. Ние одиме кон сериозен тоталитаризам и со злоба тоа го приаќате. Е па чорба.



КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани