СВЕТ Италијанска пратеничка: „Без корени, ти си роб, и кога си роб, ти служиш на интересите на Сорос“
Објавено на

 СВЕТ

Италијанска пратеничка: „Без корени, ти си роб, и кога си роб, ти служиш на интересите на Сорос“ 

Говорот на италијанската пратеничка Џорџија Мелони во Парламентот на Италија, во врска со Глобалниот договор за миграција на ОН, побуди интерес, не само кај италјанската јавност, туку и во други европски држави.

Таа, меѓу другото, рече: „Миграцискиот договор е она што им е потребно на оние, кои ги користеа илегалната имиграција во последните децении, за да го исполнат својот голем план за финансиска шпекулација преку лишување на нациите и народите од нивниот идентитет. Бидејќи без корени, ти си роб и кога си роб, служиш на интересите на Сорос. За жал, овие луѓе го прават токму тоа. Ние го прочитавме миграцискиот договор и сакаме Владата да изрази јасна позиција. Сакаме Владата јавно да каже „не”. Не е доволно да не отиде во Маракеш. Ние сакаме гласање во овој Парламент и сакаме сите оние, кои сакаат да ги заштитат нашиот идентитет и нашите граници, да гласаат против потпишувањето на миграциската договор од Италија. “

Инаку, Италија беше една од 12-те држави кои гласаа воздржано на Генералното собрание на ОН за Договорот за миграција. Договорот беше усвоен со 152 гласа „за“. Против гласаа пет земји – САД, Израел, Унгарија, Чешка и Полска.

 



КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани