Играта заврши
  Објавено на
share

Но овој пат сум убедена дека пред единствениот избор пред кој сме ставени: или самоубијте се или ќе ве испотепаме, македонскиот одговор до „стратегискиот партнер“ ќе биде играта заврши. Едноставно мораме да победиме. Доста беа 150 години пимплање со европските и со американските империјални политики!

 
Не сум на јасно дали уште трае полемиката што со мене ја почна Цветин Чилиманов. Нешто не го слушам и читам последниве денови, па во случај да трае, љубезно го молам во рамките на неговата аргументација за американската добродушна и мирољубива надворешна политика, да ја истолкува последната свињарија во изведба на Пол Волерс, и тоа со акцент на упатениот отворен повик до радикалните албански милитанти да ја нападнат македонската држава. Бидејќи не ја гледа Украина, ниту очигледната воена окупација на Европа, а се сомневам дека може да дофрли до Балканот и неговото повторно распалување или да го види римејкот на политичката слика во Македонија од 2001 година, сакам добронамерно да му нафрлам неколку детали за размислување, колку да си ја провери точноста на неговите оцени.

Можеби до пред некој ден имало и такви што верувале оти грингосите (говор на омраза) на Балканот се воено и шпионски присутни само зашто сакаат да го претворат Балканот од барутана во цветна градина. Веќе денес такви нема, минусирано за Нано Ружин и петтата колона од колаборационисти, марионети во политиката и милитаристичко субверзивната медиумско невладина банда, која ја плаќа Сорос, западноевропските влади, плус Стејт департментот.

Ако е добро што Косово е прогласено за држава зашто Цветин може помирно да спие, тогаш тој веројатно има издвоено мислење, зошто е добро што во Македонија одеднаш и без повод и причина повторно се појави некакваси војска на „Илирида“? Ем тоа откако го голтна рамковниот договор, кој, нели, како што рече во Собранието Бранко Црвенковски, „ги исцрпува сите, па дури и најрадикалните албански барања“ (генералната амнестија, воведувањето кољачи и убијци во институциите на државата, територијална поделба на државата, фалсификувани бројки и проценти на бројноста на малцинството, плаќање и издржување на победничката војска и нивните јатаци, семејства и пријатели, амнестирање на извршителите на злостори против човештвото). Македонија се помири со уцени, кражби, пљачки, позитивни дискриминации на секое ниво и наспроти каква било логика, а на штета на целото општество. Дури трпеливо одмолчува секаква провокација што ја нарачува некој американски амбасадор зашто дошла наредба од Вашингтон дека Македонија треба да биде уценета. Уцената е секогаш една те иста: исчезнете засекогаш или ќе ве снема! Но овој пат сум убедена дека пред единствениот избор пред кој сме ставени: или самоубијте се или ќе ве испотепаме, македонскиот одговор до „стратегискиот партнер“ ќе биде играта заврши. Едноставно мораме да победиме. Доста беа 150 години пимплање со европските и со американските империјални политики!

Најновата верзија на истиот УЧК веќе почна да снима по истото сценарио. Војската уште не сме ја виделе во некоја планинска вукоебина од село (како Танушевци) како тренира и пее, ама командната структура, како и во 2001 година, почна да испраќа свои фотки во воени униформи за да ни ги стресе гаќите од страв. Љуљи, Леки, Липкова, Дренова и други со слични прозаични имиња, сега ги замени генерација на пантери, пуми и слични мачкести прекари. Кај и да е ќе следува и слика на водачот, „јали“ со книга „јали“ со цвет во коса. Оти Волерс своите штитеници веќе ги преведе од фашисти во хуманоиди по прашање на холокаустот.

Во римејкот на 2001-та активно е вклучен врвот на СДСМ заедно со сателитот Тито Петковски и марионетчето Андреј Жерновски. Тие бараат начин да влезат во Владата како „партнери“ за да ја „спасат“ Македонија од пропаст. Начинот се вика со ултиматум до предавство. Во 2001-та го постави Бранко. Во 2014 година го упати ентитетот ЗоЗа (З. Заев). Во 2001-та таквата направија се викаше „влада за национално единство“, која помогна во капитулацијата на Македонија, овој пат се работи за „техничка влада“ со мандат да ги погребе Македонија и Македонците. Во 2001-та одбраната му беше дадена на Владо Бучковски. Во 2014-та на Зоран Јолевски. Значи сn4; е исто, само што Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков ич не личат на „сестрич Достич“, брат Љубе и Бранко Бојчевски. Шуќур! А богами ни актуелниов премиер нема допирни црти со Љупчо или Бранко. Демек нема таков капацитет за „компромис“ како дотичниве му претходници. Сполај ти боже!

Пропагандата и тогаш и денес ја работи легендарниот Владе Милчин. Односно тој ги распоредува парите и активностите на газдата му Сорос. А Сорос за своите „филантропски“ потфати на 25 мај годинава му раскажа на Фаред Закарија од Си-ен-ен: „Формирав фондација во Украина уште пред Украина да стане независна држава. Фондацијата функционира непрекинато и одигра важна улога во денешните настани“. Ова, колку да им се крене маглата во главите на оние што уште не знаат за кој мој работат дечкиве, кои се самодоживуваат како напредни демократи. Тие се само диво месо насадено во националното ткиво. Најобични безрбетници.

За ’рбетот како карактерна категорија проговори неодамна американскиот геополитички експерт Вилјам Енгдал: „Студената војна за САД никогаш не заврши, а овој пат Европа опасно се приближува до нуклеарниот холокауст. Затоа, државите во Европа мора итно да развијат ’рбет и да престанат слепо да ги исполнуваат диктатите на Вашингтон“.

За жал, Енгдал наивно верува во капацитетот на Ангела Меркел како на политичар со развиен ’рбет. Мисли дека таа ќе ја спаси од белја Европа. Нема. Случајот со Украина го покажа тоа. Глумењето антифашизам го изнегира германскиот генерал и еден од тројцата врховни команданти на здружените НАТО-сили Ханс Лотар Домрос. Во неговото минатонеделно интервју во „Ди велт“ е првиот официјален милитарист од Германија што отворено заговара војна со Русија. Во својство на командант и планер ја промовираше современата верзија на блицкриг и Барбароса 2 (напад на Русија и антифашистичките европски енклави (држави). „НАТО треба да ги омасови своите трупи на границите со Русија. Треба итно да се оспособат единици за брз одговор, способни да стигнат на таргет-местата за 2-5 дена. Во оваа НАТО-единица ќе учествуваат само технолошки најспособните држави од Западна Европа, а командата ќе o7; биде препуштена на Германија. НАТО мора да биде подготвено за војна во 21 век“. Генералов дури најави дека единицата ќе биде спремна за дејствување каде што треба до крајот на 2015 година, а „ладната проба“ ќе ја има на воената вежба што ја најави Пентагон како хуманитарно истоварување на американските војници на бреговите на Шпанија, Италија и на Португалија до 2016 година.

„Шпигел“ овој фрапантен пресврт во германската политика го оцени како план за сардисување на Русија и како крајно провокативен. За да ги стивне бурните реакции, се јави со изјава германскиот министер за надворешни работи, ама бидна работата. Се видоа светогледот на Меркелка и намерите на Германија во содејство со Вашингтон. Но и на генералов Домрос. И тој да ти има фашистичко семејно потекло. Татко му бил дел од Хитлеровата солдатеска и како командант на единица учествувал на источниот фронт, потоа без престанок од 1956 до 1975 година бил активен офицер во германската армија, а еве сега синот како еден од командантите на НАТО ќе тера „дранг нах остен“ операции. Не знам што мисли Нано Ружин како пасиониран натоист за овој пресврт. Му јавувал ли богати некој од Брисел за плановите или го држат човеков во мрак? Туку и јас, глупачка, каде ме отера мисла! Со Чилиманов разговарам, а не со пропагандистов. На овој нема потреба ништо да му се јавува, кога и онака нема ништо да разбере. Ем нема ’рбет ем трипати на ден се прихранува со директиви.

За крај да потсетам каде сме, кое време сме и кој сака да не се изгори. На Балканот сме, кој е синоним за војни, масовни истребувања и бескрајни немири. Сега е сто години од Балканските и Првата светска војна и 75 години од Втората светска војна. Сите овие настани ги искреира истиот сет евроатлантски држави. Сите несреќи ги платија жртвите на овој профитен милитаризам. Пред 75 години Македонија беше опкружена со фашистички држави. Денес се граничи со НАТО. Ако тргне војна, знајте без дилема дека ќе војуваме со НАТО-фашизмот. Оние што имаат ’рбет и нема да сакаат да извикуваат Сиг хајл, ќе ја сочинуваат антифашистичката коалиција. Преостанатите и онака ќе ги чека судење за злостори против човештвото, кое сигурно нема да го организира Вашингтон.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани