НА СВЕТОВ УБАВИНА - ГОРАН ТРАЈКОСКИ
  Објавено на
share

Горан Трајкоски е една од најзначајните и највлијателните музички личности во македонската музика воопшто.

Својата кариера ја помина макторпно градеејќи и трагајќи кон сопствениот израз кој секогаш бил длабок, слоевит и никогаш не направил компромис со својата музика, секогаш, колку и да било мачно и тешко, останувал на својоит единствен пристап, без одстапка никогаш и ниту за најмала нота. Музиката за него е дар и уметност кон која пристапува со литургирска камерност отворајќи небо и осветлувајќи црни бездни длабоко во себе во вечната потрага кон најсуштественото.

Од Падот на Византија, преку Мизар, Апореа, Анастасиа и проектите со Александар Вељанов, во континуетет работи на тетарска музика на која се посвети колку и на сите гореспомнати проекти заедно.

Сега, за прв пат во својата кариера, ќе настапи како уметник, личност - Горан Трајкоски ќе се поклони пред публиката како самостоен автор, како круна на неговиот енормно богат опус, пресек од се она што го работел во театарот во една чудесна, невообичаена форма на звучно и визуелно доживување, патешествие низ музиката на сосема поинаков начин, перформанс во кој ќе земат учество голем број на музичари и уметници.

19 април 2016 МНТ

Ова е настан за секој музички естета кој нема да го пропушти, настан на кој не му треба реклама затоа што публиката ја следи неговата музика со децении.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани