И официјални лица Арената Филип Втори ја преименуваа во Адем Јашари
  Објавено на
share

И официјални лица Арената Филип Втори ја преименуваа во Адем Јашари

 

1-IMG_6719-615x400

Шкендија е македонски прволигаш и ја претставува Македонија во европските купови. Тетовскиот клуб треба тоа да го знае и да го почитува, бидејќи да не беше македонското првенство, воопшто немаше да слушнат за нејзе во европски рамки, каде победи ја Млада Болеслав и во квалификациите на Лигата на Европа ја претставува нашата држава. „Филип Втори Македонски арената“ е домот на сите македонски клубови кои играат меѓународни средби. Сепак некој во Шкендија очигледно  постојано намерно провоцира, па арената „Филип Втори Македонски “ ја преименува во „Адем Јашари“.

13883654_10210106142952725_1781610847_n

Адем Јашари е името на косовскиот водач на ОВК, човек кој нема ништо заедничко со Македонија. национална арена „Филип Втори Македонски“ е официјалното име на стадионот во Градски парк без разлика дали таму ќе игра Вардар, Шкендија или следната година во рамките од Суперкупот на Европа дојде да играат и европските гиганти Реал Мадрид или Барселона.

97369-balistite-udrija-po-arenata-filip-vtori

Навивачката група на Шкендија,  самоименуваните „Балисти“ постојано потенцираат дека Шкендија игра на арената на косовскиот водач на ОВК, но сега тоа се случи и со официјалните лица кои го пренесуваа мечот. Коментаторот на „Дигиталб“ телевизија постојано потенцираше дека мечот се игра на „Адем Јашари“ арената. Човекот кој намерно провоцира на национална основа, мора да добие забрана за влез на арената „Филип Втори“, но и да реагираат државните институци и секако и Фудбалската федерација на Македонија. Не станува збор за случајна грешка бидејќи истото име на арената беше повторено во неколку наврати во текот на  преносот, меѓу другото и при прославата на првиот погодок на тетовскиот клуб (погледнете го временскиот исечок на 1:07 минути на видеото).

289616-poseben-rezhim-na-soobrakjaj-poradi-natprevarot-vardar-apoel

Шкендија ќе треба да реагира, бидејќи станува збор за медиски партнер на тетовскиот клуб со кого имаат потпишано договор за ТВ права, а гласот ќе треба да го кренат и останатите, особено Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кое стопанисува со „Арената Филип Втори Македонски“ и треба да застане во заштита на националната арена, исто како и челниците на ФФМ.

83616-utkite-shto-gugaat-za-ffm-ne-chrchorat-za-fudbalskite-utki

Фитилот е потпален, па или ќе го угаснеме на време и ќе спречиме катастрофа или со замижани очи „мирно“ ќе чекаме „бомбата да пукне“! Еднаш засекогаш мора да му се каже СТОП на национализмот на спортските терени. Ова е вистински момент сите заедно и Албанците и Македонците да покажеме дека сме подготвени за такво нешто!

Редакција:Вистина.мк




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани