Поради непотизам, осудена пратеничка во Романија!
  Објавено на
share

НЕВЕРОЈАТНО, КАКО МОЖЕЛЕ САМО, СОСЕМА Е НОРМАЛНО ТОА, НЕВЕРОЈАТНО, НЕВЕРОЈАТНО, НЕВЕРОЈАТНО!!!

Поранешна романска пратеничка осудена поради непотизам


Поранешната пратеничка од романската Социјалистичка партија, Оана Никулеску Мизил денеска е осудена од Врховниот суд на една година условна затворска казна под обвинение за судир на интереси.

Таа е обвинета дека ја вработила мајка си во својата парламентарна канцеларија.

Првично, во октомври 2014 година, Мизил била осудена на три години условна затворска казна. Судот денеска ја прифати нејзината жалба и ја намали пресудата.

Поранешната пратеничка пред судот изјавила дека ја ангажирала својата мајка во парламентарната канцеларија, бидејќи никој друг не сакал да ја извршува функцијата советник во „проблематичната“ избирачка единица Рахова-Ферентари.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани