Нов хибриден систем за прочистување на воздухот на македонскиот пазар
  Објавено на
share

Нов хибриден систем за прочистување на воздухот на македонскиот пазар

На македонскиот пазар неодамна почна да се нуди хибриден систем за прочистување на CO2 од воздухот и штетни ПМ честици од воздухот. Еден хибриден систем прочистува 500 тони CO2 и штетни ПМ честици од воздухот на површина од 500 метри дијаметар

%d1%85%d0%b8%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%b0%d0%b5%d1%80%d0%be%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bc

На македонскиот пазар неодамна почна да се нуди хибриден систем за прочистување на CO2 од воздухот и штетни ПМ честици од воздухот. Александар Стојкоски кој е агент за продажба на фирмата Аквапарк груп од Бугарија, каде што се произведуваат делови од овој хибриден интегриран систем, тврди дека еден хибриден систем прочистува 500 тони CO2 и штетни ПМ честици од воздухот на површина од 500м дијаметар.

„ Некои делови од хибридниот систем се произведуваат во Бугарија и потребно е да се интегрираат во еден комплетен интегриран хибриден  систем во Македонија, по што може да го патентираме како иновативен Македонски производ  кој би можеле и да го извезуваме“, објаснува Стојкоски.

%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%be%d0%b4-%d0%bf%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%b8%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81

 

Хибриден систем за прочистување се состои од: висок пластеник од плексиглас 200м2 со димензии 25м должина х 8м ширина х 3,3м висина. Во пластеникот се инсталира висок вертикален систем за Хидропоника/Аеропоника за зелена фуражна култури за прочистување на воздухот CO2 како и био филтрациски систем со големи филтри за прочистување на штетни ПМ честици од издувните гасови. До пластеникот се прави Аквапоника рибник за крап со еко фолија и биофилтрација и аераторски системи. Tечното губриво од рибите ќе се користи за раст на фуражните култури кои го прочистуваат воздухот, со што системот ќе стане само-одржлив  и само-исплатлив.

%d0%b0%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d0%bf%d0%be%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d1%80%d0%b8%d0%b1%d0%bd%d0%b8%d0%ba

Цена на еден хибриден систем е 250,000 евра, кој се поставува на површина од 1.000 квадратни метри. Тој прочистува 500 тони CO2 годишно и штетни ПМ метални честици со капацитет на прочистување  на простор од просек 500 метри дијаметар.

1.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ ОД ОВОЈ ХИБРИДЕН СИСТЕМ ЗАМЕНУВА ВО ПРОСЕК 80 ХЕКТАРИ УРБАНА ШУМА ВО ГРАДСКИ СРЕДИНИ

“Хибридниот систем со хидропоника/аеропоника систем за производство на 
зелена фуражна тревна маса  за прочистување на воздухот, како и аквапоника систем рибник за крап со био-филтрација за течно губриво за потребите за раст на фуражните култури, 200м2 пластеник од плексиглас и аквакултура рибник на  вкупна површина од 1,000м2, може да се инсталира во паркови, слободни површини покрај зградите, градинки, училишта, болници, булеварите, улици, покрај речни корита, ресторани и рекреативни центри, како и сите други локации каде што има можност да се инсталира. Инвестицијата се враќа за пет години, затоа што ќе се произведува 500 тона зелена фуражна тревна маса годишно која може да се продава на фармите или зоолошки градини 12 месеци годишно, како и производство на 20 тона крап со вкупен годишен приход од просек 120,000 евра”, тврди Стојкоски.

преземено од http://www.inovativnost.mk/?p=25385




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани