КОЛУМНА НЕ ПРОДАВАЈТЕ СИ ЈА ЗЕМЈАТА!
  Објавено на
share
ОТВОРЕНА
 
 
Датум: 11.05.2017, 16:41

КОЛУМНА

НЕ ПРОДАВАЈТЕ СИ ЈА ЗЕМЈАТА!

Да, господо. Зборот татковина кој така штедро го користиме, малкумина разбираат што симболизира и која му е суштината. Изворно, тоа е законски добиено наследство. Е сега, ако досега имаше такви на кои не им е јасно која операција ја изведува Зоран Заев и неговата балистичка банда, а под покровителство на евро-атлантските завојувачи и криминалци, во наредниве месеци ќе им се разјасни до таа мера што ќе им прснат празните глави. 

С` почна од моментот кога Црпко од Муртино од ништо-никаде отиде во Прилеп да ја промовира својата идеја да го направел албанскиот јазик официјален на целата територија на Македонија. Немајќи основана причина зошто во Прилеп или Струмица или Берово албанскиот би бил во официјална употреба, глуп како ноќ, рече дека тоа е потребно за Албанчињата што се музички надарени да разбирале нотен материјал!? Додека ние се смеевме на новиот проблесок на глупоста кадровски сеприсутна во СДС балистичка, заборавивме на искуствениот факт дека на злосторникот не му треба рационална причина за да го спроведе тоа што го испланирал. Тиранската платформа беше само креирање на формална заднина, односно, повод за окупацијата на Македонија. Освојувањето на централната власт, која и онака е неделотворна и умртвена од Пржино наваму, е само маска за вистинската намера: Преземање на теренот. Оти окупација без освоен терен е за џабе. Така да си знаете. Окупаторот со своите глутници тргнува во поход на преземање на општините. Без избори ќе ги заземе советите и ќе си постави градоначалници. По новововедената Талат-процедура. Претпоставувам дека ви е јасно зошто им треба тоа. Па за итно да почне организацијата и спроведувањето на ,,демократскиот“ егзодус на домородното македонско население, кое не само што е доминантно, туку и ја поседува земјата со докази како што се тапии и имотни листови. 

Во сценариото во кое сме статисти, а го изведува американската цијашка дип стејт со огромна поддршка на европските гангстери и пљачкаши, преземањето на празните општини и локалната администрација е почеток на експресното организирано силеџиство врз Македонците за да си ја продаваат земјата, да си го отуѓат имотот за мали пари. Kако заврши тоа во Kосово и Метохија сите знаеме. Kако се одвива тоа во Западна Македонија и тоа го гледаме. А с` повеќе е видливо и во Скопје. Еден од ,,гревовите“ на Никола Груевски што неговите омилени и безалтернативни партнери, не му ги проштеваат е тоа што пресели дел од државните и национални институции на колонизираниот лев брег на Вардар. Во Чаир ни ја врати татковината. Им влезе во џигерот на натрапниците балисти и нивните евро-атлантски господари. Затоа преку соросоидните петтоколонаши и платеници, а со помош на УСАИД и со водство на СДС се изведе најгротескната претстава за жигосување на ,,Скопје 2014“. Божем за парите што се трошеле на споменици им било, божем архитектурата не ја одразувала македонската мултиетничност или традиции. Не бе батки, секогаш кога тргаат вакви претстави, научете еднаш да не лапате дудинки без да промислите како да сте кленови. Целта беше и, за жал, ја постигнаа: Општините кои не се Скопје, да гледаат во централната власт свој непријател. Сега, кога централна власт немаме, дојде време да се окупираат општините. Финалето ќе уследи потоа. Kако што е познато, секоја војна завршува на преговарачка маса. Западниот Балкан го чека такво финале. Изораните ниви кои претходно беа стрништа што ги запалија и исчистија од разум и одговорност, и на нив посеаја ГМО-семе од кое никнаа зомби-хуманоиди без самосвест и без корен, подвидови од секакви профукњачи, на таа преговарачка маса ќе бидат врвниот факт кој ќе одреди кој е стопан на Македонија. По дејтонската операција, кога територијално се делеше БиХ, Србите што ја загубија војната со странска интервенција, победија само со едно: на преговорите ги извадија тапиите и имотните листови на своето население. Така се исцртаа денешните граници. Така и опстоја до денес Република Српска. За разлика од Kосово каде што Србите во долг процес се повлекуваа пред налетот на албанските цели. И за разлика од Македонија каде што Македонците од западните делови постојано си го прадоваат татковото наследство. Државата односно, нејзините управувачи, политичари и администрација заради алчност, коруптивност и партиски интереси се големи виновници за овој процес и денешни состојби, па сепак, тие се небитни за крајниот исход. Сопственик и стопан на татковината е народот, секој поединечно. Дури и во услови на ново протерување на Македонците, тие ќе останат стопани ако багажот им е имотни листови и тапии за посед. Ако си ги чуваат како очи во глава, ако не си ги продаваат еднократно за безвредни евренца и доларчиња, тактковината кога тогаш, ќе си ја вратат нивните потомци. Оти единственото нешто што не застарува се тие докази за сопственост. Евреите се повикуваат на светите книги. Вевчанци на тапиите. Македонците протерани од Беломорска Македонија исто така. Впрочем, затоа и тврдам дека причината за спорот со Грција е баш рационален, а се крие зад ирационална античка маска. Токму тој доказ за посед на татковината од која под налет на напалм-бомби беа протерани стопаните е грчкиот узурпаторски кошмар. Тапиите с` уште се доминантно во рацете на Македонците. Така ги учеле дедовците и татковците, лесна им земја и миросани коските! Земја не се продава никому и за ништо на светот! Затоа татковина не се објаснува, ами се чувствува и се чува. Ниту еден узурпатор и окупатор не може да биде спокоен кога знае дека ставил рака и нога на туѓа сопственост. Погледнете ја Америка која во резервати уште ги чува десткуваните и грогирани домородни индиоси или Австралија која има кошмари со Абориџините. Погледнете ги Весли Kларк и Медлин Олбрајт или оној непрокопсан Џо Бајден. Што им вреди што си го приватизираа Kосово, кога Србија се уште не се откажува од тапијата. Ќе бидат раат само ако сопствениот на татковината доброволно и сам се откаже од својата оставина или наследство. Kако кралска Русија од Алјаска. Во Македонија се знае: се бара од нас доброволно да се избришеме како народ со македонски идентитет и доброволно да го предадеме наследството земја, води, руди, минерали, на пљачкашите. Н` мамат со ,,демократски процедури“ не викаат на референдум за името, ни кројат територијални разграничувања и божем се тоа било модерно европски и нормално. Што сакам да кажам и да порачам: По секоја цена, бранете го теренот, не давајте ги општините, општинските совети, контролирајте ја поставената, а неизбрана бирократија која ОТИ ја калемеше додека не почнало видливото дејствување на окупаторот. Замрзнете си ги ситните и глупави омрази и кавги што ви ги посеа политиката, чувајте си ги за подобри времиња кога ќе ви стане досадно. Сега е време подготвени да го дочекате налетот на евро-атлантските скакулци и нивните издресирани качаци. Во наредниов период по никоја цена и за ништо на овој свет не си ја продавајте земјата. Ниедна педа! Никому. Не заборавајте, баш непријателот ЦИА, во налетот на финансиската криза во 2008 година, исцрта карта на светот со оцени за тоа кои земји ќе ја поминат со најмалку последици. Република Македонија беше една од тие ретки европски држави. Причините беа следни: 84 отсто од населението има свое парче земја кое може да прехрани семејство и 82 отсто има свој покрив над главата што не е под хипотека, односно оставина од куќарка, шупа, колиба на сопствена земја. Планерите на сценариото што се изведува го имаат на ум токму ова во изборот на средствата и тактиките со кои ја напаѓаат Македонија. Ако не го даваме своето, победата е наша. Гарант! 

 

Image result for selling england by the pound



За крај еве нешто весело и оптимистичко. Трамп го ногираше директорот на ФБИ. Ем тоа во манир на турски султан. По личен курир му прати отказ. Тајно, без да дознае ниту една тајна служба. Ебате службите кои ги победува некој Трамп во Вашингтон или Мијалков во Бродец и Дива Населба. Што се чита како ,,почна сушењето на баруштината“. Од хистеричната халабука и пискотници на демократските фашисти кои оваа шупирање на еден директор го нарекоа пуч на диктатор, одвај разбрав дека разумниот дел од Америка добро знае дека барањето за формирање СЈО во овој случај да ти било неуставна категорија и во Америка, не само кај нас. Дека правосудството им страдало од политички и партиски замешателства и мешетарења како и нашиве. Kоми ја загуби позицијата зашто од истражител влетал во професијата обвинител, а со една нога цапнал и во доменот на судијата. Kако што редовно го прави нашата талентирана специјалка Kатица, дресирана и измислена од ЦИА и Бејли. А и Зврлевски кој е незаинтересиран обвинител, а малку повеќе политичар. Дека Американците како лек за калта во која им потона државата го препорачуваат исклучиво интегритетот и кредибилитетот на судиите и обвинителите. Дека воените акции на САД под изговор изградба на нациите и нивна демократизација не се ништо друго туку најпроста агресија, а загрозеноста на САД од некого е оправдание за војна. Интервенции од видот шарени револуции и креирање конфликти, мешање во избор на влади било вулгарно мешање во внатрешните работи на други држави. Њут Гингрич, поранешен спикер, ни ,,откри“ и што е тоа диктатура. Вели тоа е кога неизбрани формираат власт. Е тоа де! Kај нас во Македонија неизбрани Евроамериканци поставени од неизбрано политичко и профитерско подземје во Брисел и Вашингтон, поставуваат неизбрана македонска власт. Ало Зврлевски, слушаш ли ти ова? Пендаровски, тутумраче недоделкано, разбираш ли што танториш? Заев не го прозивам заради дијагнозата.

Мирка Велиновска




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани