На денешен ден 9 јули 1913 година загинува еден од најголемите македонски синови “главниот непријател на Хеленизмот” столбот на македонизмот во Костурско Васил Чакаларов
  Објавено на
share

 

На денешен ден 9 јули 1913 година загинува еден од најголемите македонски синови “главниот непријател на Хеленизмот” столбот на македонизмот во Костурско Васил Чакаларов
Македонија има многу голготи кај месноста "Лакото" на планината Вичо .Лакото ќе остане запаметена не само како место каде се водени најголемите борбите од Костурските и Леринските чети за слобода на страдалната Македонија ,туку и место каде загинува еден од најголемите македонски синови “главниот непријател на Хеленизмот” столбот на македонизмот во Костурско Васил Чакаларов кој загинува кај месноста кај месноста "Лакото" помеѓу селата Бел Камен и Невеска.
Хронолошки тоа би изгледало вака:
На 2-3 јули но паѓаат во заседа во Дарма, Воденско, од која Васил Чакаларов ја извлекува четата со измами.Се преправа во грчки офицер со тоа ја извлекол четата . 
На 4 јули во Чеган четата е предадена, а Чекаларов е повреден лесно на левата страна над срцето . Четата се дели на два дела , Иван Попов и Панде Сидов заминуваат за Баница, но се соочуваат со пораз на 5 јули.
Истиот ден и четата на Чекаларов е разпарчена, повреден е повторно во ногата, но стигнува до планината Вичо на 8-ми јули. 
На 9 јули 1913 година во борбата со грчки војници Васил Чакаларов е тешко повреден во градите.
Грчкиот потполковник Михалакопулос ја опишува ситуацијта така:
” Пет-шест војници и андари се спуштивме кон паднатото тело со воинствeн повик. Тој се помести неочекувано. Најпрво се издигна со окрвавената глава, покриена со бујна убава кадрава коса и се фати за гранка од дрво да се соочи. Чакаларов навистина беше многу страшен. Но за момент, тој потрепери , падна и не мрдна веќе! (Во тоа време андарите удираат во безживотното тело на Чакаларов со нож.) Најверојатно тоа беше последнотa свест на главата и оваа опасна глава се збогува со своето тело. Капeтaн ”Х” . со два нови удари ја отсече главата од мртвото тело.”
Отсечената глава на Васил Чакаларов била однесена во Лерин и претставена на народот со повикот: "Нема Чакаларов, нема Македонија". Под притисок на српски офицер, главата на еден од најголемите македонски легенди на Илинденското востание Васил Чакаларов му била дадена на епитропот на црквата "Св, Пантелејмон" кој ја погребал на гробишта.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани