Референдумот на курдите успешен - прогласија независност
  Објавено на
share

 

Тоа е тоа, преседанот кој се направи со Косово, а доби свое ехо со Крим, па и со Каталонија, еве сега епидемијата на референдуми почна да го зафаќа светот. Курдите сосема легитимно си гласаа на референдум и си прогласија независност. Сигурно е дека ова домино од референдуми во светот допрва доаѓа. Сега секое племе има право да си прогласи своја држава и независност. 

 

Курдите прогласија независност и слават на улиците: Ердоган се закани со одмазда!

На улиците во ирачки Курдистан вечерва се слави независноста откако населението на Ирачки Курдистан изгласа независност и отцепување од Ирак.

Конечните резултати од референдумот се уште не се точно познати, но со оглед на тоа што низ градовите се слави, јасно е каков е исходот на референдумот.

Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, одзивот на гласачите на денешниот референдум бил 78%, а конечните резултати од гласањето ќе бидат познати во рок од 72 часа, потврдија курдските медиуми.

Како што пренесуваат тие, голем број од жителите на Курдистан изглегле да гласаат на историскиот референдум, игнорирајќи го големиот притисок од властите од Багдад и игнорирајќи ги заканите од Турција и Иран, како и предупредувањата на меѓународната заедница дека гласањето може да предизвика голем регионален конфликт.

Непосредно пред започнувањето на големото славје на Курдите, ирачката армија, заедно со турската армија започна „големи воени маневри“ на заедничката граница меѓу двете земји. Како што соопштија од ирачкото Министерство за одбрана, двете држави ги координираат мерките против курдскиот регион на северот на Ирак, односно вежбите започнале како одговор на референдумот.

Турскиот претседател порача дека „сепаратистичкиот“ референдум е неприфатлив и дека веднаш Турција ќе превземе економски, трговски и безбедносни контра-мерки. Ердоган уште вчера се закани дека можно е Турција да го стопира транспортот на ирачка нафта преку нафтоводот на својата територија.

Инаку, Курдистан во Ирак е создаден во 1970-та година врз основа на договор со тогашните ирачки власти, а истиот беше направен после повеќегодишните борби. Регионот доби статус на автономна област по Уставот во 2005-та година, но и ден денес територијално и административно Курдистан е дел од Ирак.

Досега Курдите иако отворено бараа независност, никогаш не беа превземени конкретни чекори за создавање на своја држава, затоа што од времето на геноцидот на курдскиот народ од страна на Садам Хусеин, па до ден денес, врз курдското малцинство кое што брои над 30 милиони луѓе кои живеат на териториите на Сирија, Турција, Ирак и Иран, беа вршени разни притисоци и репресии.


Сепак, со вечерашниот исход, односно прогласувањето на независност, на Блискиот исток тензиите дефинитивно пораснаа и можно е да избијат нови воени судири, посебно затоа што Сирија, Турција и Иран стравуваат дека и нивните курдски малцинства ќе побараат оцепување на териториите и припојување на „новата“ држава Курдистан.

А каде се може да сеочекуваат вакви референдуми во иднина?

Вестфалија, Италија, Тибет, Шкотска (повторно) муслиманските области во Кина, Тексас, Илирида, Буганвил, Нова Каледонија,  енд мени мени мор

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани