ПОЛИЦИСКА РЕПРЕСИЈА - гумени куршуми, пендреци, раскрвавени глави, безмилосно тепање, масовни апсења денес во Каталонија. Дојде живот
  Објавено на
share

 

Каталонската влада соопшти дека 38 лица се повредени од страна на полицијата, а тројца поминале со „помали повреди". Поголеми инциденти се пријавени во Барселонета каде граѓаните се обиделе да ја спречат полицијата да влезе во една зграда.

Шпанската цивилна гарда во текот на утрото ги нападна гласачките места и повикувајќи се на судскиот налог, го одзема гласачкиот материјал.

Полицијата испалила куршуми обидувајќи се да ги отстрани демонстрантите кои сакале да ги спречат полициските возила со конфискуваниот гласачки материјал да се оддалечат од избирачкото место.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter
 

Шпанскиот весник Периодико, исто така, јави дека полицијата користела гумени куршуми против неколку луѓе на една раскрсница во Барселона.

На самото место е шпанската полиција, како и цивилната гарда, а Барселона ја надлетуваат хеликоптери.

View image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter


Каталонската влада ги повика гласачите да гласаат на било кое избирачко место што е отворено во случај шпанската полиција претходно да го затворила нивното избирачко место.

Почетокот на гласањето за независност на Каталонија во Барселона е проследено со апсење и оддалечување на луѓето од избирачките места, додека гласањето низ целата покраина е попречено и со проблеми со интернет.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани