Шпанската Влада синоќа упати извинување од жителите на Каталонија поради стотиците повредени лица при обидите на националната полиција за попречување на референдумот
  Објавено на
share

Шпанската Влада синоќа упати извинување до жителите на Каталонија поради стотиците повредени лица при обидите на националната полиција за попречување на референдумот „Патриотски маршеви“ на противниците на независна Каталонија

 

Повеќе организации, кои се противат на независноста на Каталонија, за денеска најавија одржување на „патриотски маршеви“ во повеќе градови на Шпанија, вклучително и во Мадрид и Барселона.



- Шпанија е подобра од своите лидери. Сега е момент да се собереме и да им кажеме дека се неспособни и неодговорни, се наведува во повикот на организаторите на „Патриотските маршеви“.

Најавите за овие собири доаѓаат во време кога и Мадрид и Барселона се обидуваат да ги намалат тензиите предизвикани со одржувањето на референдумот за независност на Каталонија на 1 октомври.

Шпанската Влада синоќа упати извинување од жителите на Каталонија поради стотиците повредени лица при обидите на националната полиција за попречување на референдумот, додека каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон го откажа обраќањето пред регионалниот Парламент во Барселона, што беше најавено за во вторник, кога се очекуваше да прогласи независност на регионот.

Медимите во Шпанија оценуваат дека засега не е познато каков потег ќе преземе Пуџдемон следната недела, во услови кога е изложен на притисок од страна на сепаратистите за „почитување на одлуката на референдумот“ и за прогласување независност на Каталонија.



Тој уште претходно повика на меѓународно посредништво за надминување на спорот меѓу Мадрид и Барселона. Швајцарија вчера се понуди да посредува во овој дијалог, но Мадрид одбива какви и да било разговори со каталонските регионални лидери се додека тие не се откажат од идејата за независност на Каталонија.

Каталонскиот министер за територијален и одржлив развој Санти Вила во авторски текст во барселонскиот весник „Ара“ повика на „прекин на огнот“ со централната влада во Мадрид и побара да се размисли за „ползата и последиците“ од прогласувањето на независност на Каталонија.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани