ТЕШКИОТ ГЛАС НА НОВИТЕ ХИМНИ - нов албум на Горан Трајкоски
  Објавено на
share

 Деnовиве беше вистинско бранување во македонската музичка јавност со излегување на новиот албум ТЕШКИОТ ГЛАС НА НОВИТЕ ХИМНИ на еден од најмаркантните музички појави на ова поднебје - Горан Трајкоски. 

Мене ми е особено тешко да правам рецензија за неговата музика. Делото мора да има објективен увид но кога се работи за твој пријател, брат, род, тешко е да го одвоиш професионалното од личното, а да биде релевантно и уверливо пред публиката на која и се обраќам. 

Македонската музика, како и други македонски појави е нешто на замирање, творење во духот на традицијата, допир со исконското е само таква ретка егзотика кој станува алалрмантна затоа овој модерен поп-продукт заслужува максимален јавен позор, ова е сорта на изумирање - уметник музичар и поет.

Да бидам патетичен и стереотипен, Трајкоски да е во некакво нормално опкружување би бил постојано на настапи и проекти а не да преживува за државна плата која не смеам да ја наречам бедна, затоа што духот на ураниловката се уште лебдее над правоврените политички коректни уметници и критичари кои уживаа привилиегии само ако се потполно идеолошки предадени лакејски на своите кои можат да ги користат како свој имиџ за добро владеење.

Треба да го познавате Горан, мислам  ништо не ви значи вам, но јас морам од таму да почнам поинаку и не можам. Тоа е можеби еден од најдлабоките и и наједноставните луѓе во исто време. Продуховен, начитан, верник со срж но и уметник со голема театралност и камерен и со фанатичен пристап кон се што прави и работи. Студиозен до последна нота, се што од него ќе слушнете не е случајно, па макар било и фонија на гитарата или раштимана нота. Она што го работи небаре за поклон пред Бога лично како да спрема па се стреми за совршено во секој поглед. не за нас, за НЕГО!

Музичкиот израз не е совршен и не може да биде, во било кој жанр, епските библиски химни кои тресат како хеликоптери кога свири Вагнер, или панк форма кој сама по себе бара валкан тврд, несовршен звук но и тоа совршено несовршенство ни дава анкер да можеме ние да се закачиме и да сослужуваме со него во неговата приватна музичка литургија на поп културата и театарот.
Многу напишав-ништо не кажав, знам класичната рецензија бара тема по тема анализа, љупење на кромидот и генерално и така треба да биде, ако веќе сакате некого да го натерате барем да го преслуша или купи овој продукт. Но мене не ми иде, можам за нешто што не ме допира бидеејќи не сум вистински музички новинар но се гордеам што сум опериран од лажаната самобендисаност на музичко - критичките дејци кои со децении се усмрдени во нивните дупчиња упикани прек .... ма што па јас везам за џабе ... они се само одраз на бедата на музичката сцена, соучесници на падот на македонската музика во секој поглед.

Само ми беше многу смешно и интересно кога на промоцијата се појавија многумина од кастата кои глумат будни набљудувачи и аналитичари, а згора и столари кои прават фиоки за уметноста кои својата за жал бедна положба ја добиле благодарејќи на полжавско лигавење лично или семејно низ разни кабинети, а Горан им подава копии од албумот, бидеејќи таа каста не дава пари за музика, таа МОРА да добие примерок за да вие бидете поглаени и наградени со неклој штур збор на нивниот непостоечки и непродаван весник или портал каде после сликите со разголени девојки и момчиња ќе ѕирне со многу самобендисаност реченица која сами ја склопиле.

Да, јас тролам но и музиката на Горан од новиот албум е жестока критика кон таа состојба на духот па ме понесува храброста дека не сум осамен во тие мои созерцувања. Ретардираните во тоа ќе перепознаат некоректна политичка порака, а во суштина Горан е уметник и човек кој е осакатен да мрзи, одамна се надмина и победи себеси и е неспособен човечко битие да го омаловажи, но не и неговиот грев ....  и се човечко не му е туѓо и тие дела жестоко ги напаѓа со музика, уметност, поезија ... Ова ангажирана уметност, силна порака и затоа има и различни миузички форми, од театарска намеснка до панк-шутка-стејџ-лудница форми на албумот

Албумот содржи дуализам во формата

Од една страна препознатливите епско-театарски-христијански напеви со текстови од библијата или инспириани од нив и од друга жестока панк-рок форма (или каква и да е фиока напикајте ионака е небитно освен за оние кои немаат суштина па мораат за површноста да расправаат) не како некое лудило на искусниот музичар туку соодветен одраз во огледало на општеството кое го согледува, севкупното човештво, а не сџамо локалните полжавчиња.

За да го разбереш Горан (неговата музика) можеби и не треба да го познаваш, но мора да имаш грам од општата култура, пред се православието, верата, која кај него се проткајува скоро низ секој стих. Он е учипен со Божјото на ниво на ДНК и од тоа не може да побегне па макар и Морбид Ејнџлс му биле гости на албумот или да користи семплови од Диаманда Галас, тој тоа ќе го направи вдахновено и продуховено. Горан е СПАСЕН, но тоа го знаеме ние кои сме соборни со него и се надеваме дека ќе не повлече. Затоа нема суворпана рецензија за продукт музички кој треба да задоволи некаква форма и естетика. Не, ова е многу повеќе од тоа. Секој па и најголемиот противник идеолошки или уметнички тоа го разбира. Му ја разбира СИЛАТА затоа и го почитуваат.

Се што е од Бога он го прифаќа со благодарност од живот и инспирација не го прави пасивен, напротив, прехрабар и преактивен, гласен и јуриша на барикадите! Авангарда! Боде со зборови и стихови, удира посилно од бајонет. Во право се интелигентните што се вознемирени од ова дело. Заебано е до коска за многумина оти разобличува, особено нивната перверзија која е намачкана со дебел слој мејнстрим политичка коректност.

Затоа ми е пародично и смешно кога во оваа наша скоро осушена бара наречена музичка сцена се појавуваат анализи кои немаат блага врска со ништо друго освен со "лауднесот" на нивото појачало и толку. Помина времето на преслушување албуми, а овој албум е спротивен, овој албум нема намера да вади синглови и спотчиња за вртење, не дека не може, туку правен е да му се посветиш, да те вози како карусел, да допре до тебе, на миг да те закова слушаајќи како што на времето ја преслушувавме секоја нота од Анастасија, Мизар, се до миг кога ќе те крене на ноѕе и ќе те натера да заѕенѕаш. И можеби, можеби, уметникот кој има порив да твори и да се огради од своето дело откако ќе го создаде, какви и да му биле музичките и лирските мотиви, да предизвика рекација и остави трага во тебе. 

Тешко е во ова инстант време да седнеш и посветиш цел час, да преслушаш албум од почеток до крај паралелно читаајќи ги текстовите, па уште помлаку кога тоа се прави на лаптоп или мобилен, а имаш продукт кој треба да се вметне во правливиот и со години неупотребуван цд плеер.

Има песни кои едвај чекам како ќе звучат во живо, особено брзите панк ствариНа концертот на тие песни моето ревматично и надвор од форма тело ќе биде одалечено од сцената затоа што овие песни ги содржат сите оние жестоки ножно-придивижувачки рифчиња во стилот на ортодоксниопт панк. Сериозно, она што од раните свои почетоци го носи како семе на музички бунт, врвот го доживува со овој албум со, брзи, кратки и бескомпромисни и заразни песни. Жалам што не сум тинејџер, ќе се изнарипав. 

Ова се накратко неколку мои заклуоци. Накратко? Да, за Готра можам со денови да ви говорам ... нејсе . Ризикувајте, малку, нема многу македонски производи, а ова е еден кој вреди да се има затоа што нема краток рок на траење, како и скоро секој негов продукт. 

Конечно некој ги возбуди духовите кај нас со музика и уметност. Едвај го чекам концертот кој е веќе во потполност распродаден.


 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани