АЕК - Поради исклучените канали корисниците можат да ги раскинат договорите без никакви казнени пенали
  Објавено на
share

 

БЕЗ ПЕНАЛИ: Поради укинати канали, можете да ги раскинете договорите со Телеком и ВИП

 
  

Корисниците на услугите за кабелска телевизија на ВИП и Телеком, можат да ги раскинат договорите без да плаќаат пенали, откако операторите укинаа дел од програмите, велат од Агенцијата за електронски комуникации.

Од први јануари операторите ВИП и Телеком ги укинаа каналите „Дискавери” и „Eуроспорт”, заменувајќи ги со други канали. Корисниците на нивните услуги можат да ги раскинат договорите бидејќи не се испочитувани одредбите на договорите.

„При склучување на договорот операторот се обврзува да му ги гарантира на корисникот каналите кои ги нуди во моментот на негово склучување. Доколку дојде до ваква ситуација, да се укинат канали тогаш корисниците можат слободно да побараат раскинување на договорот без да платат пенали. Прво можат да се обратат до операторот и доколку не им биде одговорено треба да поднесат приговор во АЕК. Ние ќе им издадеме решение дека операторот го прекршил договорот и претплатникот може во секој момент да го раскине”, велат од Агенцијата за електронски комуникации.

Изминативе три дена голем број граѓани реагираа на исклучените канали, велејќи дека клучен фактор за склучување на договорот со операторот биле спортските канали.

До сега во АЕК се стигнати 48 приговори по овој основ, а од таму очекуваат кон крајот на месецов бројот да биде поголем.

„ЗА ДВА РАБОТНИ ДЕНА ОВАА БРОЈКА Е ГОЛЕМА. ОЧЕКУВАМЕ ПОСЛЕ 20 ЈАНУАРИ ДА ИМАМЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ПРИГОВОРИ БИДЕЈЌИ КОРИСНИЦИТЕ НАЈПРВО ПРИГОВОР ПОДНЕСУВААТ ДО ОПЕРАТОРОТ, ПА АКО НЕ ИМ БИДЕ ПОЗИТИВНО ОДГОВОРЕНО СЕ ОБРАЌААТ КАЈ НАС”, ДОДАВААТ ОД АЕК


БРОЈОТ ЗА КОНТАКТ СО АЕК Е 190

- http://www.aek.mk/index.php?lang=mk

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани