Став и остроумна преписка - Петар Котевски
  Објавено на
share

Она, кога ќе налеташ на партиски незатруен ум кој мисли и пишува слободно. Петар Котевски серизно добро ги ниша сите страни, а како единствено оружје ги користи здравиот разум, рационалноста и логиката, без непотребни емоции но сепак доволно разумни и општоприфатени кај секој кој размислува слично како него. Брилијатни поенти, извонредно пишува, чиста и јасна мисла и затоа е постојано на мој радар и се обидувам некои негови изјави да ги пренесам пошироко затоа што се далеку поиздржани одошто повголемиот дел од новинарско-колумнистичката фела. 

Подоле е поводот за реакција на Петар Котевски за статусот на Ацо Лукаровски по која тој навредено го брише од пријатели. Еве што му напиша Котевски

Ме блокирал мојот пријател Ацо Лукароски. Не му се допадна мојот коментар на неговиот статус приложен на сликата, кој одеше некако вака:

„Кое име ви е најприфатливо за Ацо Лукароски:

1. Фацо Глупаровски
2. Душа Продадена
3. Канадски имигрант бр. 32456
4. СМРДСМ-Тронтло
5. Било кое, само да престане да труе.

Гласајте сега во коментари“

Кратко по постирањето на тој коментар, Ацо ми испрати приватна порака (и го избриша коментарот):

Ацо: Многу често сум се подбивал со твоите ставови, но НИКОГАШ не сум те 'нападнал' како личност...
Многу мизерен потег ти беше тоа!

Јас: Види, мене Македонија ми е дел од идентитетот онолку колку што ми е и личното име. Претпоставувам и тебе. Ако ти немаш проблем да се подбиваш со тој дел од мојот идентитет, зошто се буниш ако јас се подбивам со другиот дел од твојот идентитет?
Ако моето подбивање ти помага да разбереш колку ме навредува твоето подбивање, тогаш мислам дека сум ја постигнал целта.

Ацо: Мојот став за името НЕ ГО ЗНАЕШ... Така да, муабетов ептен не ти држи вода!
Поумно и почесно ќе ти беше да ми се извиниш

Јас: Лицитираш со алтернативи. А и ти мојот став за твоето име не го знаеш, можеби сакам да гласам да не ти се менува името? Јас само ги прашувам другите, онака како што ти ги прашуваш. Кој знае како ќе гласаат?

 





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани