„Македонија е грчка“ – Антимакедонска реторика во Солун
  Објавено на
share

 „Македонија е грчка“ – Антимакедонска реторика во Солун

 

 

 

„Македонија не постои, Македонија е грчка ” –  со ваква порака , солунските свештеници и политички функционери  го започнаа одбележувањето на  празникот Водици, кој денеска се славеше кај јужниот сосед.

Антимакедонската  реторика на митрополитот Антимос, пред фрлањето на крстот во осветените води во Солун,  присутните ја поздравија со овации.

„Македонија, значи Грција и Грцијa значи Македонија и тоа мора сите да го сфатат“ , изјави грчкиот митрополит Антимос.

Со радикална реторика настапи и министерката за областите Македонија и Тракија, Мариа Коља-Царуха.

„Македонија е грчка и никој нема право да го користи ова име за свои цели. Затоа и ќе се бориме“, рече Мариа Коља-Царуха –  министерката за областите Македонија и Тракија.
Од политички изјави на верскиот собир,  се воздржа само градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис кој, дипломатски, упати пријателска порака.

„Ниту јас, ниту митрополитот не ја изразуваме грчката надворешна политика, ниту пак ја одредуваме. Јас едно знам, дека со нашите соседи треба да имаме добри односи“, изјави Јанис Бутарис – градоначалник на Солун.

Темата со македонско-грчкиот спор, на црковниот обред, ја наметнаа грчките новинари, кои бараа одговори и став од присутните функционери, за најавените антимакедонски протести во Солун.  Демонстрациите  се закажани за 21 јануари, а се  против  прифаќање на какво било име во кое ќе стои  терминот Македонија.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани