Писмо со куршум за Коѕијас пред посетата на Македонија
  Објавено на
share

 

Писмо со куршум за Коѕијас пред посетата на Македонија

 

Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас добил писмо во кое имало завиткан куршум пред посетата на Македонија, објави грчкиот портал iefimerida.gr. Пораката била дека куршумот е заради неговата улога во решавање на ,,македонското прашање“.

Пратката била испратена на почетокот на неделава до грчкото Министерство за надворешни работи, на адреса на министерот Коѕијас. Во писмото имало и порака во која меѓу другото се потенцира дека тој наскоро ќе отпатува во Скопје за да ги продолжи преговорите за името. Според порталот, пратката и куршумот се испратени на вештачење. Никос Коѕијас добиваше заканувачки писма и на почетокот на февруари годинава.

Коѕијас со првиот директен лет од Атина до Скопје по цели 12 години, идната недела на 22 март треба да дојде во земјава со нацрт- договорот за решавање на спорот за името. Грчките медиуми објавија и дека на 27 март треба да има нова рунда разговори со посредникот Метју Нимиц, во Виена.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани