Фељтон 16 - А ти кај ги ебеш доларите? - Томислав Гошевски
Автор: Томислав Гошевски   Објавено на
share

 

Моите мисли и настаните запишани и раскажани од прво лице овде , во најголема мера се резултат на симбиоза помеѓу мојата упорност и кармата која маестрално најде начин и ме фрли во канџите на суровиот свет на цивилните контрактори кои (making other people happy) си го уништуваат својот живот по белосветските воени зони. Јас едноставно не можев а да не бидам подготвен за се што ми се случуваше во периодот помеѓу Мај 2008 и денес во Скопје, Кувајт, Дубаи, Кандахар, ФОБ Апачи во Југоисточен Авганистан, Багдад, покрај Еуфрат околу сириско-ирачката граница, во Ербил, Курдистан и на некои чудни аеродроми како во Оман или понормални како во Хјустон и Чикаго. Него…друго ми беше муабетот.... 

 

Како против кармата изиграв нерешено во гости  

 

16. А ти кај ги ебеш доларите? 

Рест енд рикриејшн (R&R). Или по нашки, контракторски…”доста-голтав-прашина-трпев-фрустрирани-шефови-се-криев-по-бункери-и-бегав-од-змии-и-шкорпии-време-е-да-се-потроши-некој-долар-и-да-му-се-курчам-на-Саше-затоа-што-не-веруваше-дека-ќе-добијам-работа-а-не-па-да-издржам-4-месеца”. Заслужен одмор после 3-4 месечното оправање на америчката економија (а бога ми и нашата) и спроведувањето на мирот и ширење на бизнисот по азискиве пустини. Редовно, 2 до 3 пати годишно нервирање на жените и радост за швалерките, полнење на батериите и празнење на банкарската сметка на просечен контрактор. 

Топ. Жива среќа. Планираш патешествие за следното одење дома уште од првиот ден откако ќе се вратиш од актуелниот одмор. Искуството ќе те научи да ги препознаеш сите можни термини и трикови на травел агенциите, па сам ќе научиш се можно и за авејлбл летови, комбинации преку Дубаи, па преку Виена…или Истанбул…па на кој аеродром во кој лаунџ да си уплатиш 5 саата. Кога ќе завршиш со неколку контракта во пустина, слободно можеш да полагаш за IATA лиценца и да отвориш травел офис…минимум. Него…друго ми беше муабетот…

На пат накај дома, си викаш, се тешиш…ќе одам во Кандахар, имам таму некој ден два за шопинг и кафе во Нафи или Француски пиекс, и пица во Мама Миа или вечера во Фрајдејс со браќата по долари Илче од Германски пиекс, Бобан од Дифек или Андреј лисичанецот од меинтенанс. Пак си викаш…ќе биде ок, со пријатели ќе биде полесно, ќе го апстрахираш Саут Парк и некако ќе помине тој ден два додека не полеташ за Дубаи. Како што е Саут Парк? 

Шортли. Не е онаа тв серијата во прашање. Се работи за транзитен камп во Кандахар, составен од неколку циркуски (по големина, а и по се она што се случува во нив) шатори, каде вообичаено спиеа по 100-150 напатени душички на пат за дома или назад на работа, враќајќи се од дома. Луѓе од десетина нации и 4 континенти, меѓу кои имаш некои на пример кои не знаат ни што е тоалет, па дебелото црево го празнат во туш кабина. 

Ете гледаш. Сега кога го спомнав Саут Парк ден денес ми доаѓа некоја мака и ми се повраќа и се ме чеша. Искрено, сум заборавил како изгледаше престој таму. Последните 2 пати успеав да се снајдам (уит литл хелп оф мај френдс), да не ги користам услугите на злогласниот логор. Нема сега веќе да го тупам со хоророт таму, само ќе ти кажам дека последниот престој таму пробав да спијам, бар едно 2 саата. Си носев и своја постелина, и своја перница и ќебе, и легнав да одморам, по шопингот со Андреј и кафето со Илче. Мики…за 15 минути во устава имав чуство као да сум изел неколку полни пепељари од големите од чекална на аутобуска станица во Лахоре, Пакистан. А прашината во нос што ми се собра, требаше со хилта да ја вадам, или со штрафцигер во најмала рака. И си станав…Не спијам овде па и да знам дека ќе ги забранат со закон она шитот од серии што одат по нашине телевизии, а Агенција за млади секој месец ќе промовира збирки на онаква амејзинг поезија од која Бодлер да беше жив ќе си го гризнеше левиот лакт од мака. Остај друго…кој ѓавол ме натера…што ми требаша да вклучам батерија кога станав? До кревет ми беше оставен ранецот и чизмите, и пружив рака да ги земам. Уште ми се пред очи…Некоја будала ги оставила усраните (напред жуто, позади кафејаво) гаќи до креветот, а јас моите ствари преку нив.

 

Толку…после више не е битно…и да го фрлам ранецот, и да ги ставам чизмите на вриење и дезинфекција, ништо не помага. Се некако се осеќам како шуга да сум фатил, и тоа трае веќе цел месец. Ма…тоа се врежа во мојата меморија ко мојот фејсбук профил на некој сервер во некој ќош на магацините во Пало Алто, Калифорнија. Форевр…енд бијонд. Потрошив еден тон средства, козметики и чуда. Нема помош… Како кога прв пат се тушираш во јавно купатило, и несакајќи ќе се допреш до најлонската завеса, или ќе се наведнеш да го земеш сапунот. Ова нели важи ако немаш фетиш кон најлон. Тогаш ти текнуе дека пред тебе сигурно стотина и стотина од веќе споменатите Азијци и Африканци ја користеле кабината, ама немоќен си…мораш некаде да се истушираш. Па си правиш филм дека таа кабина е само твоја, и се залажуваш дека никој друг не ја користи освен ти…и така се додека не видиш некој како излегува од таму. И од утре ја менуваш “твојата” кабина и никогаш веќе не влегуваш таму. Него…друго ми беше муабетот… 

Заебаниот филинг како шуга да сум фатил полека се изгуби…па еве скоро 2 месеца поминаа. Плус, кога се вратив, гледам во “мојата” туш кабина ставиле нова завеса. Опааа…као нова цура…нов интимен контакт…мерак. Скраја да е. Ти ибам…овде човек стварно некој фетиш ќе стекне. Знаеш…муабетот, ако лепчето со крем (кое не знам заради кој закон на физиката, или заради Марфи секогаш паѓа со намачканата страна на земја) го дигнеш од земја за помалку од 5 секунди откога паднало, тогаш како со магија, на него нема ни влакна ни прашина ни бактерии. Жими мајка…траст ми. Е исто и со интимниот контакт со завесата во туш кабина во јавно веце. Ако допирот трае помалку од  5 секунди…си правиш филм као и да не се случил. За веце шољата да не зборам…секогаш си имаш спремно шишенце хенд санитајзер. Прво убаво ја бришеш  даската со санитајзерот, па дури после седнуваш на неа. Маката ќе те научи на се. Не дека тоа нешто ќе помогне, ама ај…пласибо ефект. 

Желбата да користиш јавен тоалет само кога е тазе исчистен те тера на разни трикови и снаоѓање. Ги наоѓаш чек листите за чистење на тоалетите и го запишуваш времето кога  се чистат истите. Така, ќе си научиш кога точно локалците ги чистат вецеата, ќе ги следиш некое време, ќе им го научиш распоредот, и доаѓаш пред вецето тачно кога завршуваат со чистењето (глупо е да стоиш надвор и чекаш да завршат). Со огромно задоволство и окезен од уво до уво (како Епл фан кога ќе му поминат кризните први 2 дена дремење пред Епл Стор) влегуваш прв, уан енд онли, во тазе исчистеното веце, со прекрасен јак мирис на “варакина”  (некоја америчка варијанта на истата) од кој уши отпаѓаат или после цел ден очи мораш со Прокулин да плакнеш. Ама ако мики…важно прв влегуваш во веце и седнуваш на шоља. Прајслес.

Секако ова важи само ако во веце одиш со предходно разработен план и распоред на дневни  активности поврзани со празнење на дебелото црево. Ама ако мораш истата активност да ја извршиш непланирано и ненајавено, под притисок на крвавиот стек од ручекот или равиолите, тогаш е заебано, па може да се случи наместо прв после чистење, да мораш да го посетиш вецето последен пред чистење. Него…друго ми беше муабетот…

 Стрес било кога мозокот не ти дава да убиеш некого кој те вади од кожа ко на пример мултиталентиран и макси оверкуалифајд македонски експерт по “експертизам” кој редовно им помага на неивентивните македонски новинарчиња да си направат емисија со  “дебатичка” и да си однесат плата дома.

Не мики…јас ќе ти раскажам за стрес. Ни талибанците, ни снегот и поплавите во зима, ни 52 степени во лето, ни шкорпиите поотровни од тетка и на жена ти кога те убедува да им дадеш заем за факултет на ќерка и, ни змиите кои толку се одомаќинија да мораш после работа кога ќе влезеш во соба прво со дршка од метла го растресеш ќебето и креветот, да случајно некоја не се раскомотила и успала таму, ни прашината во воздух која ја има толку многу што можеш со нож да ја сечеш, ни прљавите тоалети  и огромните циркуски шатори полни со Индијци и Кенијци и прљав веш расфрлан наоколу, ни јавните вецеа и тушеви…ништо од  се ова не може ни да се спореди со маката која ќе ја доживееш возејки се со автобус во Кандахар. Да мики…автобус…и тоа едно дваесетина минути спора вожња низ база. Па што…Е ништо…само што аутобусот го вози Босанец. И тоа не обичен Босанец… Човеков што го возеше аутобусов треба да влезе во анали на балканските држави као најголем фан на турбо фолк. Крај…невидено…најхардкор, најсељачки турбо фолк што постои на свет, мене ми се случи да свири во аутобусот со кој се возев низ Кандахар ерфилд. Добро зошто баш мене ми се дешаваат вакви работи? Зошто мене мораше да ми се падне да се возам во аутобус полн со Индијци и Кенијци, и по некој Американец…а возач да биде баш тој? Зошо бе не ми се падна Филипинец возач…како минатиот пат. Тој бар слушаше Лед Цепелин и Иглси

Да се разбереме…имам многу пријатели Босанци. Луѓе…другари…нема збор. Сме делеле и добро и зло, и долари и кафиња, и чорапи и гаќи сме си позајмувале (добро бе…нови..) и по некоја паштета Аргета, македонски ајвар или босански суџук…Ама мики…. Немам зборови да опишам како сум се чуствувал. Ме остави спичлес. Буквално боли…. такво е чуството…таквиот турбо фолк предизвикува физичка болка. Може најблиску до тоа чуство би било она чуство на гостите во дискотека Парк во Охрид во 1995, кога со македонската легенда, мојот прерано починат другар Диџеј Бабура  ја вртевме Продиџи Фајарстартер, и ќе појачавме средни до крај, од џибиелките излегуваше чисто зло, а на луѓево на подиум мислиш мозок почнуваше да им тече низ уши.

Е мики…така се чуствувавме сите во тој озлогласен аутобус. Иста мака не спои…истиот терор не зближи…турбо фолкот не натера, ни покажа како можеме да се сплотиме во маката. Да видиш само како збунети изгледаа моите сопатници (по патењето што го преживувавме)…како само беспомошно се погледнуваа меѓу себе Америте и Кенијците додека се обидуваа да си помогнат едни на други и да исклучат некој звучник  над нивните глави, додека на разглас во аутобусот трештеше Диџеј Крмак и некоја фуфа која и да беше. Среќа нивна што не можеа да го разберат генијалниот, сензитивен и полн со романтика и филингс текст 

Вози Мишко белу лимузину

А ја мала па волим брзину

Бела кола улицама круже

Вози Мишко, вози мало брже

Лете кола кад их Мишко тера

Ја сам бољи и од Шумахерааааааааа 

Ова остана врежано во мојата меморија за навек. А музиката….Мешавина од Арабски и Азиски звуци, синтесајзерот завија, мислиш солзи рони…неизбежната армоника дугметара везе ли везе…А возачот мики…егзалтиран…мислиш ќе полета, среќа што максимална дозволен брзина во Америчкиве бази е 20 километри на саат. Или подобро…штета што е ограничена брзината, па морав цели дваесет минути да го трпам ова злосторство против човештвото наречено турбо фолк. Во очи на сите мои сопатници им се гледаше неверување, апатија, страдање и на моменти суицидни искри. Во очи им се гледаше дека се шокирани од ваква незамислива тортура. Кенијците сигурно вака не се чуствувале ни кога лавови ги бркале по саваните, а Индијците ни средба со кралската кобра не ќе им изгледа толку страшна по ова искуство кое го преживеаа во автобусот наречен терор.

Е тоа е, мики…тоа ти е стрес….невиден стрес за мене и моите сопатници и сострадалници од фамозниот хорор автобус во Кандахар. Само се плашам кај мене да не се појави Стокхолмски синдром, па да се заљубам во мојот терорист, во турбо фолкот. Во тој случај, јавно ги молам моите пријатели и најблиски…некој нека ми ги скрати маките…греота сум да се мачам. Него…друго ми беше муабетот…




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани