Трагедијата по земјотресот е во изградбата на ова, вакво Скопје
  Објавено на
share

 

Трагедијата по земјотресот е во изградбата на ова, вакво Скопје. Место град кој ќе биде прв меѓу еднаквите во Македонија, ние добивме чудовиште во кое кај што е централизирана целата државна администрација, па уште се сместија и главните индустриски капацитети.
 
Провинцијата слободно нека цркне, се ќе градиме во Скопје.
Планирањето на Скопје по земјотресот не е случајно, тоа беше одраз на тоталитарната матрица на комунизмот, според која целиот економски, политички и културен живот треба да бидат контролирани од еден центар, една партија, еден водач. Сосем логично е, кога веќе настапуваш од таква матрица, да сакаш да имаш и физичко отелотворување на твојата замисла - еден центар во кој ќе ги сконцентрираш сите конци на власта, моќта, парите... 
 
Големината на државниот апарат ја угуши Македонија. Ја остави полу-испразнета и расселена, без нормален автопат до повеќето другите градови. Давачките и регулативите наметнати врз целата држава кои беа/се потребни да се изгради и да функционира ова и вакво Скопје ја уништија Македонија, а самиот град ќе се угуши во отровите од ОХИС, прашината од УСЈЕ и горењето автомобилски гуми во зима.
 
Каква визија, таков крај.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани