ВЛАДО БУЧКОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ НЕУСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ Е ГОЛЕМ СКОК КОН ЕВРОПА - Интервју на Бучковски за Вечер 2004
  Објавено на
share

 ВЛАДО БУЧКОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ

НЕУСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ Е ГОЛЕМ СКОК КОН ЕВРОПА

4 ноември 2004

ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА СО РАЗУМ. НЕ НИ ТРЕБААТ ЕМОЦИИ И ЗАПЛАШ УВАЊЕ. НАШАТА ПРЕПОРАКА Е ДА НЕ СЕ ИЗЛЕЗЕ НА ГЛАСАЊЕ. СО ТОА ЌЕ НАПРАВАТ НЕ ЕДЕН ЧЕКОР ВО МЕСТО, ТУКУ КРУПЕН СКОК КОН ПРИБЛИЖУВАЊЕТО КОН НАТО И ЕУ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК ОД РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДЕ ГРУЕВСКИ, ТОЈ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ОВАА ВЛАСТ. НЕ СТОЈАН АНДОВ, НЕ ТУПУРКОВСКИ, НЕ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, НЕ ТОДОР ПЕТРОВ. ТОА СЕ ОЛД-ТАЈМЕРИ ПОЛИТИЧАРИ НА КОИ ТРЕБА ДА ИМ КАЖЕМЕ ЗБОГУМ. НЕ МОЖЕМЕ СО ТРАБАНТИ КАКО НИВ ДА ОДИМЕ ВО ЕВРОПА

Главното мото во вашата кампања е "Некои прашања не заслужуваат одговор". Опозицијата ве обвини дека го игнорирате народот и граѓаните кои бараат одговор за прашањата поврзани за територијалната организација. - Прашањето е апсурдно и ступидно што не заслужува одговор. Иницијаторите на референдумот сами влегоа во оваа замка.

Референдумското прашање е најслаба точка. Тие треба да одговорат во што Законот од 1996 година е подобар од нашиот. Сметаме дека тој треба да се игнорира, зашто дефинитивно тој треба да се ревидира. Без комплекс им порачуваме на сите граѓани да не излезат на референдумот.

Дали со тоа повторно бегате да се соочите со народот? 
Ова е факултативен референдум, каде треба да се респектира волјата на 180.000 граѓани. Но, апсурдноста дојде до таму што тој нема врска со граѓански. Кога граѓанските здруж енија ја водеа иницијативата собраа 30.000 потписи, а кога се вклучи Груевски стигна до 90.000, на крајот остатокот го собра Георгиевски со неговите приврзаници. Легитимно опозицијата е да се бори за власт. Ние тврдиме дека на овој начин тие направија непроценлива штета за Република Македонија. Повторно топ-тема се меѓуетнич ките односи. Најголем губитник од сето ова на крајот ќе биде Груевски, кој се залепи на "граѓанската иницијатива". Тој требаше да биде алтернативата на оваа власт. Не Стојан Андов, не Тупурковски, не Павле Трајанов, не Тодор Петров. Тоа се олд-тајмери политичари на кои треба да им кажеме збогум. Не можеме со трабанти како нив да одиме во Европа.

Дали апстиненцијата ја избравте за полесно да ги контролирате вашите членови и симпатизери кои не се за новата територијална поделба? 
- Ќе одговорам со спортски речник. Не е важно нашата политичка игра да и` се допадне на публиката. Овојпат играме на резултати. Нашиот систем е бункер- систем, со минимум ризик да го одбраниме нашиот закон. Тие напаѓаат на апсурден начин со закон од 1996 година. Ние ќе ја покаж еме нашата организираност на локалните избори. Нека дојдат во март и нека си го проверат рејтингот. Во политичките пресметки со задоволство влегувате во дуели со реч- ник којшто предизвикува реакции. Кај Вас и СДСМ генерално отсуствува жестокост кога ќе треба да се критикуваат настани во кои се инволвирани албански граѓани. - Не ме познавате доволно, или не ги следите доволно моите изјави. За мојот стил во кампањи и јавна пропаганда не би сакал да говорам, мислам дека е соодветна на мојот противник. Во последните неколку дена нема да ги штедиме нашите политички противници. Република Македонија е мала држава и не мо- же некој да биде поголем бранител од групација од пет-шестмина кои седнале да прават договор како да дојдат на власт. Ним им се приклучи и Груевски кој стана порадикален од нив. Апсурдно е во оваа пропаганда радикалот Георгиевски да изгледа поумерен од умерениот лидер на десницата, како што на почетокот го претставуваа Груевски. Сега сите говорат за младиот радикал кој беше реформаторски министер за финансии, но тешко се снаоѓа во улогата на лидер на опозиција.

Дали сметате дека соодветно одговоривте на заканите од Али Ахмети за граѓанска војна во Македонија? 
- Не даде таква изјава. Тоа е вадење од контекст на дел од изјавите и создавање апокалиптична атмосфера која не е наш стил. Последните три месеци поддржувачите на референдумот говорат за поделба на Македонија, за Хитлер, за Мусолини, за 41-та, за тоа како некој ја продава, ја дели Македонија, а не сака да се соочат со реалноста. Ова што го правиме го гарантира унитарниот карактер на државата. Гарант за тоа е имплементацијата на Рамковниот договор. Тоа го знаат сите освен Груевски. Се разочарав кога видов дека тој не го прочитал Рамковниот договор. Првиот и основен член е дека унитарниот карактер на државата е забетониран со синтагмата - нема територијални решенија за етнички прашања. Можеби бил заборавен со пица кампањата за буџетот, или не ја слушнал Доста Димовска која беше активен чинител во охридските разговори. Ако не беше така ќе се пристапеше кон моделот што го застапува- ше Арбен Џафери да има двостепена територијална организација.

Од ВМРО-ДПМНЕ ви забележуваат дека сте ги (про)дале Струга и Кичево ? 
Проектот на ВМРОДПМНЕ е со 80 општини што е истоветен со нашиот. За тоа разговаравме на средбата со Ганка, Балковски, Додовски, Владо Поповски и Кљусев. Нашиот и нивниот модел беше истоветен. И нашиот предлог беше Струга и Кичево да бидат во границите од 1996 година, но кога се прават компромиси се прават меѓусебни отстапки, заради зајакнување на меѓусебната доверба меѓу двете заедници, македонската и албанската. Проектот на ДУИ во почетокот беше истиот на ДПА за 34 општини. Затоа, меѓу ВМРОДПМНЕ и ДПА е разговарано за двостепена локална самоуправа. На првото ниво да има 86 или 90 општини, но на второстепеното ниво да постои регионализација, односно кантонизација и западна Македонија да биде еден кантон или регион. Јасно е дека ова е борба за власт.

Сакате да кажете дека кај политичарите има промена на улогата меѓу "миротворци" и радикали? Што е со забелешките на експертите за територијалната организација? 
- Секако. Кога ќе заврши ова како лош сон први експертите кои жестоко го нападнаа Законот, ќе бидат промотори на тој Закон. Само треба да им се изнајде цената и за кој хонорар тоа ќе го бранат пред медиумите и студентите. Утре е референдумскиот молк.

Кои се вашите процени за резултатот на референдумот и за тоа што ќе се случува по него ? 
-Граѓаните треба да донесат одлука со разум. Не ни требаат емоции и заплаш ување. Нашата препорака е да не се излезе на гласање. Со тоа ќе направат не еден чекор во место, туку крупен скок кон приближувањето кон НАТО и ЕУ. Нашата цел е Македонија со покана за членство во НАТО 2006 година. Се` друго е поигрување на стратешките интереси на државата. Во овие клучни моменти треба да се демонстрира капацитет на европските вредности.

Митко Р. Јовановски

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани