По 11.000 евра за секој пратеник кој ќе учествува во кампањата за референдумот
  Објавено на
share

 

По 11.000 евра за секој пратеник кој ќе учествува во кампањата за референдумот

 
 
По 11.000 евра за секој пратеник кој ќе учествува во кампањата за референдумот
 
 

11 илјади евра ќе има на располагање секој пратеник во Собранието кој сака да води кампања за референдумот. Без разлика која страна ја застапува, дали е „за“, „против“ или „бојкот“ пратеникот доколку побара медиумски простор Собранието е должно да му го овозможи согласно медиа закупот, а пратениците кои застапуваат ист став можат медиумскиот простор да го користат заеднички.

Претходната одлука дека министерствата ќе финансираат е поништена, наспроти тоа Владата за потребите на Собранието за референдумската кампања пренамени 80 милиони денари од Буџетот на Република Македонија.

– Собранието со овие пари ќе направи медиа закуп во сите медиуми кои што доставиле ценовник согласно правилникот на Државната изборна комисија. Согласно тој правилник тој медиа закуп, овие средства ќе бидат пропорционално, еднакво, рационално поделени на сите а пратениците потоа ќе треба да се изјаснат и внатре во Собранието да одлучат кој каков тип кампања ќе продуцира и во согласност со времето да го искористи медиумскиот закуп, изјави Бошњаковски.

Како ќе настапува мнозинството дали секој пратеник поединечно или како пратенички групи се уште не е дефинирано, вели во телефонска изјава за 1ТВ, координаторот на пратеничката група на владејачката партија, Томислав Тунтев.

– Договорот е секој пратеник во наредните неколку денови да добие писмено известување за тоа да се изјасни како мисли да се презентира односно да настапи во рамките на претстајната кампања за референдумот и врз основа на нашето изјаснување како пратеници дали „за“, „против“ или „бојкот“ тогаш тоа координативно тело ќе се договори за рамномерна распределба на средствата, вели Тунтев.


  •  



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани