НА ГЕРМАНИЈА ДО 2030 ЌЕ И НЕДОСТАСУВААТ 5 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ
  Објавено на
share

спремајте децата и внуците за гурбет

НА ГЕРМАНИЈА ДО 2030 ЌЕ И НЕДОСТАСУВААТ 5 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ

19 од 20-те најголеми светски економии ќе ја дочекаат 2030 година со еден заеднички проблем - недостаток на работници. Единствената земја која ќе нема кусок туку вишок работници ќе биде Индија. И тоа каков вишок: 250 милиони луѓе. 

 

До 2030 година на Германија ќе o7; недостасуваат 4,9 милиони работници. Ако тој проблем навреме не го адресира, тоа земјата ќе ја чини 14% од нејзината економија. Изразено во пари - 629 милијарди долари.

Ова го покажува студијата на консултантската куќа Корн Фери во која биле анализирани 20-те најголеми светски економии а резултатите сугерираат дека дефицитот на обучена работна сила ќе има сериозно влијание врз глобалната економија. Земјите од Европа, Блискиот исток и Азија ќе имаат вкупен недостаток од 14,5 милиони работници што ќе го забави растот и ќе чини 1,9 билијарди долари.

Англија особено ќе биде погодена во финансискиот сектор. Во негонедостасуваат 500.000 лица што ќе го смали тој британски сектор за 7%. Генерално, во земјите од тој потег најголем удар ќе има бизнис и финансискиот свет во кои недостатокот од квалификуван кадар ќе носи годишни загуби од 358 милијарди долари.

На краток рок, до 2020 година најтешко со дефицитот ќе се справуваат САД, Јапонија, Австралија, Франција и Германија.

Единствена економија од анализираните 20 која до 2030 ќе има суфицит работна сила ќе биде шестата економија на светот, Индија, која во следните 12 години ќе продуцира екстра 245 милиони квалификувани работници.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани