Реакција на Петар Котевски на колумната на Дарко Митревски
Автор: Петар Котевски   Објавено на
share

 

Напишал Darko Митревски ферман за ситуацијата во Македонија, ама искрено да ви кажам не го прочитав, туку само ми беше мило што конечно го најдов на Фејсбук за да можам да го тагирам, и да му го напишам ова мое писмо, кое се надевам ќе го прочита.

Дарко,

Ја знаеш приказната за детето што викало „Волк!“? Секогаш кога ќе видам луѓе кои знам дека се патриоти и искрено загрижени за ситуацијата во која се наоѓа Македонија како споделуваат писанија од тебе (од твојот пост-режимски-про-македонистички период), се потсеќам на таа приказна.

И си викам - добро бре, до кога ќе се лажат луѓево?

Да нема забуни, Дарко - детето си ти. А моментално некаде сме околу 2/3 низ приказната, каде уште постојат наивци кои уште можеш да ги манипулираш (како луѓево од погоре), но постојат и оние како мене - кои можат да ѕирнат низ твојот тенок превез ткаен од срам и страв.

Ниту само страв.
Ниту само срам.
Двете одеднаш.

Се плашиш да не не сретнеш, или било како дојдеш во контакт со нас, луѓето кои го паметат твојот ангажман во инсталирањето на оваа окупациска власт, прво преку маратонскиот фељтон во Нова Македонија во која не убедуваше за бугарскиот карактер на историската организација ВМРО, и по автоматизам модерната тогаш владејачка партија. И бугарскиот карактер на Македонската борба за независност и еманципација.

После твоите писанија против најистурените јавни личности кои имаа храброст да застанат на патот на шпионската операција која имаше за цел да не доведе дотука... Лажеш Фидане, така ли беше?

Се срамиш затоа што си чул, си ги истражувал предавствата на Македонија за твојот млак уметнички опус - и иако не знаеше како да избегнеш да станеш предавник, знаеш како да препознаеш предавник. И го препознаваш сега, во себе. И сигурно тоа боли.

Срам од предавникот кој го препознаваш во себе, и страв од гневот на вистинските патриоти. И тој си го истражувал, и знаеш колку може да е суров.

Секако дека ништо не ти значат моите зборови. Не се плашиш ти од мене лично, или од кој било друг поединечно, вака оддалеку. Се плашиш да не зависиш некогаш од некој патриот, и се плашиш од тоа тој да ја знае целокупната приказна за тебе. И затоа сега како лигава лигња прскаш мастило наоколу, крвариш по медиуми за да ја замачкаш малку црната дамка што ти стои на челото.

Не те обвинувам за платеништво, ниту за смислено дејствие против Македонија. Не знам кои ти биле мотивациите да дејствуваш за уништување на Македонија - и знаеш што? Не се ни важни. Можеби единствено си бил глуп и суетен.

Намерите не се важни.
Не е важно што си *сакал* да постигнеш.

Само е важно што си постигнал.

Еве што ти постигна. Те гледам дека не си задоволен од себе, или можеби ми станува потешко да те видам под превезот. Ќе продолжиш да се обидуваш дамката да ја истриеш од своето чело, како со сапунче ќе си ја зацрвениш кожата.

Ама јас, и оние како мене, ќе стојат стално зад тебе, со маркер во раката. Да ти ја појачаме, за да може да ја видат сите, дури и оние кои одново, барем за момент, си ги излажал.

Мрш говно едно предавничко.

 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани