Истрага против престедателот Иванов
  Објавено на
share
Претседателот Иванов под истрага за Законот за јазици и за Преспанскиот договор
 
Основното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за тоа кога се донесени одлуките за Законот за јазици и за Преспанскиот договор во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот Ѓорги Иванов. Предистражната постапка е започната по две анонимни кривични пријави за непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, а Обвинителството ги проверува наводите во пријавите.
„Постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, Основното јавно обвинителство Скопје постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите. Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот“, информираат  од Обвинителството за МКД.мк.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани