Се повеќе го разбирам Сергеј Варошлија кога ќе каже дека му пука душата кога ќе види некоја крава во штикли како мука на плочките во “Алексндар палас”, но што да му пукне на едно совршено невино лице кое во својство на осомничен го викааат во Основното јавно обвинителство во врска со постапување по кривична пријава за повеќе кривични дела од Кривичниот закон.
Прво, помислив дека ќе се вадам на тезата дека лицето Бранко Тричковски и Бранко Тричковски, не се иста особа, но другарите од “Корзо” ми објаснија дека можеби и не сме иста особа, но дека сме исти курац.
Потоа постапив по упатството на дното на дописот, отидов во Адвокатската комора, но таму ми рекоа дека немаат слободни адвокати: илјада се ангажирани за 27 април, другата илјадарка работи за Никола Груевски и третата е ангажирана во одбраната на унијата на вмровските жени со мали деца.
Ај, си реков, сам ќе се бранам. Што дело си сторил, бре, суртук, се прашував, бидејки во дописот нема членови-менови и други тракатанци, според кои сум осомничен. Се сетив дека на времето, јас и моето друштво здипливме три милијарди евра од трезорот на Народна банка, ама тоа беше одамна и сигурно е позастарено од некои дела на Груевски.
Што друго си направил, стоко стокосана! Некои неплатени сметки за пијачка во “Корзо”!? Друго, друго!?. Пишував како го убивам Груевски со “Хеклер и Кох” и “Леопулд” окулар, дека народот има природно право да го обеси лудакот од Водно. Дека Мицковски би можел да се убие на општо задоволство, а не само на задоволство на вмороните.
Ќе видиме, драги мои, на 20 ноември.
На Ермон Незири, како човекот што ме кани, му порачувам, не се заебавај или не дозволувај да те заебаваат, обвинителите во Америка, по вакви случаи ги запишуваат во маринци и одат на Блискиот исток да ја шират демократијата и владеење на правото. Обвинителството како да ја сомничи Богородица дека се ебавала со римските војници! Не е добро така.Јас те канам на пиво во Ирскиот паб во време што ти одговара.