Затвор од 30 години за враќање километража на стари автомобили - во САД
  Објавено на
share

 

Затвор од 30 години за враќање километража на стари автомобили

(кај нас ова се нарекува успешен претприемач)
 

a5f8eddf-resize-820x0x100
Трговец со стари автомоби во САД враќал по околу 200.000 километри од возило

Во американската држава Алабама, судот го обвини продавачот на стари автомобили Ренди Грин поради враќање на километражите на 12 возила продадени од 2014 до 2016 година.

Како што информираат од Министерството за правда на САД, Грин враќал по околу 200.000 километри од возило.

Најекстремниот случај е кога на купувач му продал автомобил со 218.000 километри помалку, а реално имал поминато 350.000 километри.

На обвинетиот ќе му се суди по 15 точки од обвинението, од кои 12 се однесуваат за враќање на километража.

За секое возило на кое му ги вратил километрите, на обвинетиот му се заканува казна затвор од 3 години и парична казна до 250.000 долари. За ова, Грин би можел да лежи до 30 години затвор.

Сличен случај годинава имаше и во Шпанија каде што и се судеше на 150 продавачи на половни автомобили кои продале дури 305 автомобили со вратени километражи.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани