Кинезите почнаа со производство на цврсти батерии за автомобили
  Објавено на
share

 

Кинезите почнаа со производство на цврсти батерии за автомобили

 

 

Цврстите батерии би можеле да бидат точката на голем пресврт во автомобилската индустрија

За разлика од актуелните литум- јонски батерии кои користат ќелии со течен електролит, или, пак, во форма на гел, цврстите батерии располагаат, всушност како што и самото нивно име кажува, цврст спроводлив материјал кој, помеѓу другото, им гарантира значително побрзо полнење и подолга автономија.

 

Покрај тоа им обезбедува и поголема енергетска густина и исто толку значајно пониска цена на изработка.

Многу производители се впуштиле во развој на оваа технологија, но стар ап компанијата Qing Tao Energy Development Co од Куншан, Кина e прва што стартува со сериско производство на истите.

Нан Цевен (Nan Cewen), првиот човек на компанијата , на новинарите во Кина им кажал дека во погоните вложил една милијарда кинески јуани и дека производната линија има капацитет од 100 MWh годишно.

До 2020 година планира да го зголеми  годишното за дѕри седум пати на 700 MWh.

Во моментот производството е ориентирано кон софистицирани електрични производи и скапоцени гаџети, но раководството на компанијата, е наводно во преговори со бројни производители на автомобили.

China Kicks Off Production Of Solid-State Batteries

Кинеската компанија тврди дека успеала да постигне енергетска густина на батеријата од 400 Wh по еден килограм , што е значително повеќе од капацитетот на актуелните  генерации на литиум – јонските батерии во овој момент кој „држат“ од 250 дo 300 Wh пo килограм.

Image result for solid state car battery

За жал сегашното производство од 100 mWh на годишно рамниште е доволно за производство на само 2.500 електрични автомобили со капацитет на батериите од 40 kWh, но Кинезите го направија првиот чекот и тоа во вистинска насока, па веруваме дека солуцијата на последниот проблем е на дофат на „раката“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани