ЛЕГЕНДАТА ОД НАШАТА МЛАДОСТ СИ ЗАМИНУВА - ТОМОС СЕ ЛИКВИДИРА
  Објавено на
share

ЛЕГЕНДАТА ОД НАШАТА МЛАДОСТ СИ ЗАМИНУВА - ТОМОС СЕ ЛИКВИДИРА 

... иако поточно и попрецизно е терминолошки дека оди во стечај, но знаејќи ги балканските прилики на екс ју повеќе од сигурно е дека ова ќе биде крај на оваа за нас носталгична компанија. Сакаме да сме грешка и времето да не демантира. навистина сакаме

 Image result for tomos automatic

Познатиот мопед со кој растеа многу генерации на овие простори заминува во историјата бидејќи Окружниот суд во Копер отвори стечајна постапка за словенечката фабрика “Томос” откако не успеа да најде стратешки партнер за да помогне во справувањето со проблемот со ликвидноста.

Во ноември предлог за принудна управа беше поднесен од вработените во Томос за неплатени плати, придонеси и надоместоци за одмор, пишува словенечката агенција СТА.

Бидејќи Томос не го оспори тоа дека е несолвентен или поднел барање за одложување, се смета за несолвентен според законот за банкрот. Судот го именувал Штефан Верен како стечаен управник давајќи им на доверителите рок до 3 април да поднесат свои барања.

Кога работниците поднесоа барање за присилно управување, директорот и сопственикот на Томос, Исток Пикл рече дека компанијата се уште може да се спаси.

Меѓутоа, тој призна дека им должел на своите вработени две месечни плати и бонуси за одмор.

Компанијата на Пикл, “МПО Кабел” го купи Томос од индустрискиот конгломерат “Хидрија” во 2015 година, кој потоа ги продаде производителите на мотори како нестратешки средства.

Image result for tomos 5

Image result for постарски томос
Image result for vojni tomosImage result for tomos apn 4
 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани