Лекар од Македонија ја прифати работата на Хвар
  Објавено на
share

 Пред извесно време се појави вест која нудеше работа во мало место на Хвар со плата, стан и годишен бонус од 6700 евра годишно во градчето Сучурај на Хвар, Хрватска. Никој од Хрватска не сакаше да ја прифати работата и на огласот не се јави никој, освен една лекарка од Македонија.

Покрај платата и стан, општината нуди и бонус од 50.000 куни или околу 6.700 евра годишно. Од Хрватска никој не се јавил на огласот. Единствена заинтересирана за работата била докторка од Македонија, објави ХРТ.

Амбулантата во Сучурај е празна. Нема пациенти, нема ни лекари. Има само една медицинска сестра со стаж од 37 години.

„До денеска никој се нема пријавено на огласот. Имаме најава дека би можело да ни дојде докторка од Македонија, се чека да се средат документите. Значи никој од Хрватска не сака во Сучурај", рекол градоначалникот на општината Иван Славиќ.

Најблиската итна помош е во Јелса, до неа има 53 километри. Патот е лош, жителите на Суќурај велат дека не се стасува во рамките на „златниот час" на итната помош. И не е оваа приказна единствена, тоа е случај и во другите мали места на островите. Лекари нема ни за лек, пишуваат хрватските медиуми.

Но приказната има среќен крај, како за 300-те пациенти за малото градче, изгледа дека и македонската докторка Дивна Војковска е задоволна. 

 

 „Среќна сум што ќе работам на Хвар”, вели македонската лекарка Војновска
 

Суќурај, малото место на хрватскиот остров Хвар, после седум месеци конечно доби лекарка, 36-годишната Македонка Дивна Војновска, која беше единствениот кандидат на објавениот оглас

 

Таа, како што пишуваат хрватските медиуми, родното Скопје, метропола од околу 600 илјади жители го замени со Суќурај, каде што има вкупно околу 300 жители. 

Во изјава за 24сата.хр Војновска вели дека е задоволна, сака мирен живот и среќна е што ќе работи на Хвар. 

„Роднините во Македонија беа многу скептични, не им беше баш драго што заминувам. Но, потоа ја прифатија мојата одлука и еве, тука сум и убаво ми е”, изјавила Војновска. 

Нејзините први впечатоци со пациентите се одлични, а додава дека нема проблем ни со јазикот, бидејќи последните неколку месеци ги поминала во Хрватска, во Сплит, каде што работела на нострификација на дипломата. 

„Требаше да ја нострифицирам дипломата, па следуваше процедура на прознавање на приправничкиот стаж, а потоа и полагање на државниот испит за доктор по медицина. Откако се положив и собрав се пријавив на огласот. Работата ја добив веднаш, но чекав уште малку за работна дозвола и тоа е тоа”, вели докторката Војновска.

За работата во Суќурај таа има обезбедено стан веднаш зад амбулантата, плата и годишен бонус од околу 6.700 евра.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани