СДСМ одлучи: Нема предвремени избори - ВМРО - Се плашат оти се во хаос и паника
  Објавено на
share

ДВОЕН НАСЛОВ 

1- СДСМ одлучи: Нема предвремени избори  

2 - Мицкоски: Заев избега од избори

МАНЧЕВСКИ - НЕ ОДИМЕ НА ИЗБОРИ

Извршниот одбор на СДСМ вечерва на седница одлучи да не прифати предвремени парламентарни избори. Како што беше соопштено по состанокот, владејачката партија смета дека во моментов приоритет е да се спроведат реформите на патот кон ЕУ.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, рече дека државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени избори, дури и кога рејтингот и поддршката кај граѓните е многу повисок од оној на опозицијата.

„Економијата е раздвижена, платите растат, се зголемуваат инвестициите. Тоа е добра основа за посветување на резултат што го бараат граѓаните. Одговорна власт не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ со предвремени парламентарни изборни“, изјави Костадинов.

Во однос на претстојните претседателски избори тој рече дека Република Северна Македонија ја очекуваат фер претседателски избори на кои ќе победи СДСМ. Владејачката партија најави консултации со сите партии, вклучувајќи ги и вонпарламентарните, за да дојдат до консензуален кандидат за претседател.

На состанокот не станало збор за преименување на името на партијата. 

МИЦКОСКИ: СТРАВОТ И ХАОСОТ ВО СДСМ ПРЕСУДНИ ДА ОДБИЈАТ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

-Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!

СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.

Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!“




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани