Доналд Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир
  Објавено на
share

 

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир

 

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека заслужува Нобелова награда за мир поради својата политика кон Сирија и Северна Корја, но и изрази жалење поради тоа што веројатно никогаш нема да ја добие.

Трамп ја заврши својата прес конференција желјќи се за тоа што неговиот заколнат непријател, демократскиот претходник во Белата куќа Барак Обама, доби Нобелова награда за мир во 2009 само неколку месеци по преземањето на должноста.

Image result for nobel prize

„Му ја дадоа на Обама. Тој не ни знаеше зошто му е доделена. Беше тука некои 15 секунди и веќе му дадоа Нобелова награда. Ги праша: „А со што ја заслужив?““, напиша Трамп па се пожали на својата ситуација.

„Јас веројатно никогаш нема да ја добијам“, додаде американскиот претседател.

Трамп тврди дека спасил 3 милиони човечки жвиоти во сириската покраина Идлиб која е во рацете на антивладините бунтовници кога ги предупредил Русија, Иран и сириската влада да не тргнуваат во офанзива на покраината.

„Но за тоа никој ништо не кажува“, се пожали тој.

Нападите врз Идлиб продолжија, иако американскиот претседател тврдид ека нападите биле само „хируршки“.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, наводно, му испратил „најубав примерок“ од писмото на пет страници со кое го номинира за кандидат за Нобеловата награда за мир бидејќи ги почнал преговорите за намалување на тензиите со Северна Кореја.

„А знаете зошто? Бидејќи Ким има бродови со лансери на ракети и има проектили кои можат да стигнат до Јапонија. Сега, одеднаш, се чувствуваат добро. Се чувствуваат безбедно. Јас го направив тоа“, кажа Трамп истакнувајќи дека администрацијата на Обама никогаш не била способна тоа да го направи.

Белата куќа одби да ги коментира тврдењата на Трамп дека Абе го номинирал, а портпаролот на јапонската амбасада во Вашингтон кажа дека нема информации за постоење на такво писмо.

Во април јужнокорејскиот претседател Мун Јае Ин кажа дека Трамп заслужува Нобелова награда за мир затоа што се зазема за преговори и прекинување на севернокорејската програма за нуклеарно оружје.

Трамп треба повторно да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Ханој на 27 и 28 февруари и да разговараат за нуклеарното прашање. Нивната прва историска средба во Сингапур во јуни минатата година Трамп ја оцени како триумф, но критичарите тврдат дека не добил никаков резултат кон вистинска денуклеаризација.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани